Најновата верзија на Google, ја намали популарноста на одредени торенти за 98% и од сега тие ретко ќе се појавуваат во резултатите од пребарувањата.Google ги ажурираше своите алгоритми за да го отежнат барањето на линкови за преземање на бесплатни филмови, музика, игри на сајтовите за торенти. Сајтовите на кои оваа промена најмногу влијаеше се и најпопуларните сајтови за торенти, како што се Pirate Bay, Isohunt и Kickass torrents.
Интернет гигантот ја воведе оваа промена пред месец дена, веднаш по изјавата на Роберт Томсон, извршниот директор на компанијата News Corp, во која јавно го нарече Google дека е „платформа за пиратерија“ во своето писмо кон Европската комисија.
Првата верзија за спречување на пиратеријата Google ја претстави во август 2012 година. Таа е дизајнирана да ги спречува сајтовите кои добиваат жалби за кршење на авторските права да се појавуваат на самиот врв од резултатите за пребарување, односно да имаат висок рејтинг.
Сајтовите кои содржат клучни зборови, како што се: download free movies, watch this movie online free, online free movies, movies download, where can I watch; се најмногу погодени од новиот алгоритам за пребарување.Google ги ажурираше своите алгоритми за да го отежнат барањето на линкови за преземање на бесплатни филмови, музика, игри на сајтовите за торенти.