„Стратегија за развој на полицијата 2016-2020“ ќе биде промовирана денеска во Скопје. Станува збор за еден од клучните изработени документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата“, кој е финансиран од Европската Унија.На презентацијата воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Лукаш Холуб, раководител на Одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи во делегацијата на ЕУ и Андреа Д’Анџело, Директор на проектот. На настанот ќе присуствуваат и заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на БЈБ Горанче Савовски.
Инаку, стратегијата за развој на полицијата ги идентификува потребите и потенцијалите, и ги дефинира развојните приоритети на Бирото за јавна безбедност за наредните пет години. Овој стратешки документ е изработен во рамките на широк консултативен процес и во соработка со претставниците на надлежните организациски единици во Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, судството, академската заедница, невладиниот сектор, медиумите и граѓаните.На презентацијата воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Лукаш Холуб, раководител на Одделот за политички праша