Преживеал 13 месеци по бродолом, но вистинскиот шок го доживеал сега…

Помина една година од денот кога Хосе Алваренга бил пронајден во близината на брегот на Маршалските острови во Тихиот океан.Сам, изгладнет и дезориентиран, Хосе издржал неверојатни 13 месеци, се додека не бил пронајден од страна на група локални жителли. Денес, една година подоцна, Хосе ја објавил книгата за своето неверојатно искуство, но покрај неа добил и уште нешто – тужба!Неверојатната човечка приказна започнува кон крајот на 2012 година, кога Хосе со својот пријател Езекиел Кордоба (24) испловил во океанот со скромен чамец, впуштајќи се во лов на ајкули. Ги зафатила голема бура, а водата ги одвела на еден од многубројните корални острови на кои што немало жители.
Откако заклучиле дека се нашле во безизлезна ситуација, тие започнале да преживуваат како што знаат и умеат, ловејќи риба и птици. Голем проблем им бил недостатокот на вода, па несреќните рибари биле приморани да ја пијат сопствената урина. Според зборовите на Хосе, неговиот сопатник Езекиел не можел да издржи и починал само неколку недели подоцна, додека пак Хосе успеал да издржи неверојатни 13 месеци, се додека нова бура не го одвела во близината на брегот на Маршалските острови, дури 8.000 километри далеку од местото од каде што првобитно испловил, каде што бил и пронајден на 30-ти јануари, минатата година. 

Потоа тој изразил желба да напише книга за неверојатното искуство кое што го преживеал, а добил и неколку понуди за снимање на документарен филм. На патот кон своето родно место Ел Салвадор, се со цел по долго време да ги види своите родители, тој се искарал со својот адвокат Бенедикт Перлеро. 
По само неколку дена, адвокатот Перлеро започнал да го застапува семејството на починатиот сопатник на Хосе, Езекиел, кое што го тужи бродоломецот, сметајќи дека и тие имаат право на финансиска добивка од издавањето на романот и снимањето на документарниот филм и тоа, ни помалку, ни повеќе, очекуваат да добијат еден милион долари! 
“Семејството Кордоба смета дека има право на дел од добивката, со оглед на тоа што нивниот син бил со Хосе. Всушност, се сомневаме и дека Езекиел не умрел баш онака како што Хосе раскажува”, изјавил адвокатот Перлеро. Триесет и осумгодишниот Алваренга повторно се сретнал со своето семејство во Ел Салвадор, а во специјално интервју дадено за американската телевизија ”NBC”, тој истакнал дека неколкупати бил на раб да изврши самоубиство, но дека сепак успеал “да ги издржи сите неволји”.
“Сакав да си го одземам животот, но го прашав Бога дали некој некогаш ќе ме спаси. Верував дека ќе бидам спасен и на крајот тоа и се случи”, изјавил преживеаниот рибар.
Сам, изгладнет и дезориентиран, Хосе издржал неверојатни 13 месеци, се додека не бил пронајден од страна на група локални жителли. Денес, една годи

Пронајдете не на следниве мрежи: