Преживеала киднапирање, ја избегнала смртта, а кога се разбудила од кома следел вистински шок…

Ејприл Ли Гилен (17) од Австралија пред 10 месеци доживеала обид за киднапирање, била оставена покрај патот, доколку полицијата не ја пронајдела ќе била мртва. Во болница паднала во кома, две недели била без свест, закрепнувала со месеци од несреќата, а кога се разбудила од кома дознала дека е бремена.Ејприл минатата година во април месец излегла на состанок со момчето, се поздравила со мајка ѝ кога во 22:30 часот ја напуштила куќата. Двајца мажи подоцна таа вечер ја грабнале и пикнале во својот автомобил. За среќа, Ејприл успеала да избега.
Оваа тинејџерка е пронајдена онесвестена покрај патот. Ја пронашол маж кој ја известил полицијата. По итната операција, таа паднала во кома.
Два месеци поминала во болница во Сиднеј, закрепнувајќи од последиците на несреќата, а тогаш нејзината сестра ѝ ја кажала шокантната вест.
„Ејприл, бремена си, знаеше ли за тоа?“
„Бремена? О, Боже!
Поради последиците од несреќата Ејприл морала да се избори со амнезија, па секој ден ѝ велеле дека е бремена и секој ден морала да го преживува истиот шок. Но и покрај траумата го задржаа бебето.
„Ќе добијам бебе, ќе донесам бебе на оој свет, нема да се откажам од него“, размислувала Ејприл.

Момчето се родило на Бадник. Ејприл и понатаму не се сеќава  на сите детали од несреќата. Полицијата прво помислила дека Ејприл е жртва на сообраќајна несреќа, но потоа утврдила дека се работи за грабнување. Полицијата утврдила дека киднапирањето се случило откако Ејприл го напуштила домот на своето момче. Непознати мажи прво ја пикнале во автомобил, а потоа ја дрогирале. На нејзиното тело биле пронајдени траги од убоди. Како што соопштила полицијата, нешто  се случило во автомобилот откако напаѓачите ја киднапирале Ејприл.
Докторите утврдиле дека Ејприл била во 4-та недела од бременоста.
Непосредно пред киднапирањето таа на Фејсбук напишала дека ѝ пишал еден Азиец кој ѝ рекол да тргне со него и дека се е во ред.
Ејприл верува дека успеала да побегне со помош на советот на мајка ѝ која секогаш ѝ велела да вреска и со сета сила да се бори за себе.
Таа ноќ кога полицијата ја пронашла Ејприл и кога заѕвонила на вратата на нејзиниот дом, нејзината мајка знаела дека нешто  не е во ред.
Потрагата по киднаперите е во тек.Ејприл минатата година во април месец излегла на состанок со момчето, се поздравила со мајка ѝ кога во 22:30 часот ја напуштила куќата. Двајца мажи

Пронајдете не на следниве мрежи: