Преживеала несреќа во која изгубила три деца, шест месеци подоцна се случило чудо!

Во мај 2007 година на семејството Кобл му  се случила страшна трагедија. Додека мајката Лори Кобл, се возела дома со своите три деца, Кајл, Ема и Кејти, камион натоварен со 20тони електроника удрил во  задниот дел од нивниот автомобил.Камионот одел 110 километри на час. Лори не се сеќавала на ништо. сопругот Крис ѝ соопштил дека децата им се мртви.
Возачот на камионот кој и претходно бил казнуван за пребрзо возење не се жалел за пресудата за убиство од небрежност.
По несреќата,  парот се посветил во борба за промени во сообраќајот,  за кои  се надеваат  дека ќе го намалат бројот на жртви во сообраќајот.
„Тоа е индустрија која плаќа по  километар. А за возачите тоа значи само едно- доколку камионот стои, тие не добиваат плата. Возачите на камионот возат пребрзо, возат уморни и сакаме тоа да се промени“, истакнува Крис Кобл.
Но, шест  месеци по трагедијата, Крис и  Лори добиле причина за надеж.. Лори останала бремена и тоа со тројка: две девојчиња и  едно момче, токму како и  претходно.
За Лори и  Крис, било  јасно дека тоа не е случајност. Тие веруваат дека за тоа се заслужни нивните настрадани деца.
„Твојот ум не може ни да размислува поинаку. Доколку сметате дека некој ве следи, набњудува и штити и вакво нешто се случи, тешко е да се замисли дека тие не биле вклучени во ова“, рекол Крис.

 
Во мај 2015 Ешли, Ели и Џејк го прославиле седмиот роденден.
„Мислам дека тоа е чудо. Мислам дека Кајл, Ема и Кејти имале некоја врска со ова. Мислам дека ни помогнаа“, вели Лори.
Ништо  не може да ја замени загубата на три деца. Бескрајната љубов кон  Кајл, Ема и  Кејти, но новиот брат и сестрите ќе му помогнат на ова семејство  да тргне напред.
Камионот одел 110 километри на час. Лори не се сеќавала на ништо. сопругот Крис ѝ соопштил дека децата им се мртви.
Возачот на камионот кој

Пронајдете не на следниве мрежи: