ПРЕЖИВЕАН РУДАР РАСКАЖУВА ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО РУДНИКОТ ВО КОЈ СЕ ЗАГЛАВИЛ СО НЕГОВИТЕ КОЛЕГИ: Покрај нас лежеа мртви тела а ние…

Во голема рударска несреќа која на почетокот на месецот се случила во јамата во „Распоточје“ во рудникот Зеница животот го изгубиле пет рудари. За прв пат 20 дена по оваа трагедија, еден од преживеаните одлучил да раскаже за хоророт кој го преживеале рударите кои биле блокирани под земјата.Младиот 21 годишен Белмин Фетиќ, бил еден од 34 -те заробени рудари. Под земјата поминал повеќе од 18 часа и преживеал трагедија во јамата „Распоточје“. Тој бил најмладиот рудар кој се борел за својот и животот на колегите.
Тој раскажува што се случило таму….
Кажува дека е сигурен дека повеќе нема да се врати во таа јама и дека го сака своето старо работно место во рудникот „Страњани“.
„Додека копав во јамата, почувствував силен удар и како се се руши. Потоа помислив дека никогаш нема да се извлечеме од пеколот во кој се најдовме“.
Акцијата за извлекувањето на 34-те рудари траела повеќе од 18 часа, а сите работеле и копале пат за што побрзо да излезат на површина. И сето тоа го правеле без вода и храна додека покрај нив лежеле мртви колеги.
„Сакавме само побрзо да излеземе и да ги видиме нашите семејства“- кажува Белмин…

Поради ова што се случило Белмин сеуште нема мирен сон поради силните болки во вратот, многу размислува за тоа што се случило и често се сеќава на своите загинати колеги!
Покрај колегите Белмин го изгубил и својот најдобар пријател. Тој сеуште е во шок и неможе да си прости дека не можел да го спаси.
На крајот на овој млад рудар му била исполнета барем желбата да ги види повторно својата мајка и сестра кои како што кажува тој му се се во животот.
„Кога излегов од тој пекол прво нешто што го видов беа мојата мајка и сестра. Чувството беше неверојатно. Такво нешто не може да се опише со зборови. “- кажува Белмин.
Тој сеуште е на болување,а на својата стара работа ќе се врати со полно срце, бидејќи тоа му носи леб во својот дом!Младиот 21 годишен Белмин Фетиќ, бил еден од 34 -те заробени рудари. Под земјата поминал повеќе од 18 часа и преживеал трагедија во јамата „Р

Пронајдете не на следниве мрежи: