Преживеаната Емилија: „Секој нов здив ми е подарок од Господ“

Четириесет годишната Емилија Цветковска е храбрата Кумановка која ја преживеаа поплавата во скопскиот регион.Во критичната ноќ Емилија со часови се борела со водената стихија додека водата повеќе од 1 километар водата ја носела низ нивите, се додека не ја исфрлила на една чистинка во селото Стајковци каде семејството Крстиќ ја спасило, извлекувајќи ја со чаршафи од водата. Таа низ солзи раскажува за кобната ноќ кога како што вели таа секој нов здив и бил подарок од Господ, пренесува ТВ Нова.
Таа ги покажа модриците и набиенците по целото тело кои и ги предизвикала несреќата.
На вечерта, која се покажала како среќна за Цветковска се сеќава и нејзиниот спасител.
Денеска таа го посети семејството Крстиќ кое и го спаси животот. Ја затекнавме како им помага да ги расчистат штетите од невремето. Таа вели дека 6 август ќе го слави како втор роденден а на семејството кое и помогна ќе му биде должник до крајот на животот.
Секое добро се враќа со добро. Затоа секогаш кога можете правете хумани дела – порача Емилија.Во критичната ноќ Емилија со часови се борела со водената стихија додека водата повеќе од 1 километар водата ја носела низ нивите, се додека не ја

Пронајдете не на следниве мрежи: