„Преживеј го тоа!“ – Е еден од најкомплексните серијали поврзани со преживување, но во исто време и забавна игра помеѓу пријателите на кои преживувањето им е работа.Забавно е за оние членови од кампот кои гледаат како еден член од дружината се бори за опстанок. Во секоја епизода се киднапира по еден стручњак за преживување и со врзани очи се спушта во немилосрдните предели. Неговата цел е во рок од 100 часа да пронајде цивилизација.
Но, за да се победи во оваа игра не е доволно само да се преживее, туку мора тоа да го направите со стил. Секој потег и одлука е внимателно следен од останатите членови. Екипата е составена од Џејк, Мет, Том и Тери, со тројца нови искушенци. Сите тие заедно се мешавина од специјални единици на американски маринци, Зелени беретки и останати стручњаци кои поседуваат вештини потребни за преживување. Ова е најголема игра за преживување која се одвива помеѓу пријатели кои воедно се и најдобри стручњаци за преживување!
Во втората сезона од овој серијал секој од нив ќе биде киднапиран, со превез преку очите и ќе биде спуштен некаде во дивината без храна и опрема. Снимателот кој ќе биде со него нама да смее да му пружи никаква помош.
Од Африка до Трансилванија, при екстремни температурни разлики, од замрзнатите планински врвови до подводните карпи, момците преку опасна смисла за хумор ќе се тестираат едни со други во вештините за преживување. Труење со храна? Пиење крв? Конзумирање измет? Тие ќе ви покажат баш се! Во оваа сезона ќе го гледаме поранешниот специјалец Џејк кој потполно неспремен ќе биде спуштен во африканската пустина Намиб. Додека останатите членови го гледаат од кампот, неговата цел е да постави нов рекорд во играта. Потоа, Мет кој е стручњак за примитивни вештини ќе биде оставен во опасната афричка савана само со крв за пиење.
Втората сезона на серијалот Преживеј го тоа! покажува како на овие мајстори за разни вештини за преживување понекогаш борбата со природата им е поедноставна отколку борбата со пријателите и нивната немилосрдна смисла за хумор.
Забавно е за оние членови од кампот кои гледаат како еден член од дружината се бори за опстанок. Во секоја епизода се киднапира по еден стручњак за