Закани по сигурноста и личната безбедност е причина поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на денешната прес конференција на Оливер Спасовски.Закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските се дел од работите поради кој е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица.
Очигледно наместо решавање на ваквите сериозни закани и сознанија Оливер Спасовски се фокусира да прави политички маркетинг од овие теми, со што свесно или не ја доведува безбедноста во прашање на луѓето кои се посочени, а кои и според закон, доколку овластено лице од министерството одлучи имаат право на заштита како и секој граѓанин.
Спасовски всушност врши партиска злоупотреба на институцијата МВР за лична хајка, а самиот тој се развозува со службен автомобил од министерството на партиски настани заедно со службеното обезбедување.
Дека станува збор за класична политичка хајка говори и тоа дека Спасовски самиот кажува неодредена бројка од неколку стотици кои наводно користеле службени повластувања, а самиот тој набројува само 7 луѓе.
Многу логично е да се овозможи обезбедување на еден Јохан Тарчуловски кој по враќањето од Хаг добива секојдневно закани по личната безбедност од радикални албански елементи поврзано со судскиот процес кој против него е водеше. Такви закани по неговата лична безбедност и безбедноста на неговите семејства може да се забележат и на неговиот ФБ профил, но и на видео сервисот Јутјуб.Закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на бл