За одржување на оптималната тежина, важен е правилниот сооднос на калории и потрошувачката на енергија. Но, понекогаш и покрај здравата исхрана и редовниот тренинг, вишокот килограми повторно се појавуваат.Еве неколку причини кои можат да предизвикаат нагло дебелеење.
Депресија
Доколку земате антидепресиви, тие можат да предизвикаат нагло дебелеење, но и самото чувство на депресија може да предизвика пораст на тежината.
Едно истражување од 2010 година за списанието “American Journal of Public Health” открило дека тажните и осамените личности се склони кон дебелеење, бидејќи консумираат помасна и покалорична храна и ја прескокнуваат физичката активност. Оваа состојба е позната и како емоционално прејадување.
Лекови
Контрацептивните пилули, стероидите, бета-блокаторите или лековите за мигрена можат да предизвикаат пораст на килограмите. Некои од овие лекови го зголемуваат апетитот и делуваат на забавување на метаболизмот. Доколку забележите дека вашата тежина се зголемува, консултирајте се со вашиот лекар за промена на лековите.
“Мрзеливи” црева
Доколку имате проблеми со “мрзеливи” црева и бавен метаболизам, тоа би можело да биде причина за вашето нагло дебелеење. Пиењето на доволно вода во текот на денот, внесување на доволна количина на влакна и секојдневна консумација на пробиотици можат да ви помогнат да се изборите со ваквиот проблем.
Недостаток на витамини и минерали
Недостатокот на витамин Д, магнезиум и железо можат да влијаат врз нивото на вашата енергија, а со самото тоа и на вашата активност. Доколку немате енергија за здрав животен стил и вежбање, вишокот килограми лесно ќе се наталожат на вашето тело. Проверете го нивото на витамини и минерали во вашиот организам и според тоа прилагодете ја вашата исхрана.
Недостаток на сон
Кога ви недостига сон, вашето тело не може правилно да функционира и поради тоа почнува да складира масно ткиво. Недостатокот на сон телото го перцепира како стрес, а кога организмот е во ваква состојба, целиот метаболизам е пореметен.
Недостатокот на сон предизвикува додатен стрес со кој многумина се борат со тоа што јадат повеќе од вообичаеното.
Менопауза
Во текот на менопаузата, жените имаат бавен метаболизам, променливо расположение, неквалитетен сон и зголемен апетит.
Естрогенот (хормон кој служи за одржување на тежината) исчезнува, а со тоа почнува таложење на килограми околу струкот. Доколку сте во менопауза, обрнете внимание на тоа што консумирате и редовно вежбајте.
Различни болести
Постојат голем број на болести кои предизвикуваат нагло дебелеење. Жените кои имаат цисти на јајниците можат да се здебелат и до 15 килограми во краток временски период. Исто така, проблемите со црниот дроб, бубрезите, срцето и тироидната жлезда можат да предизвикаат таложење на маснотиите во телото.Еве неколку причини кои можат да предизвикаат нагло дебелеење.
Депресија
Доколку земате анти



