Причини за мала самодоверба кај мажите

Должината на пенисот
Звучи како клише, ама вистина е. Самите слушнале безброј пати дека најважен е перформансот, но тоа не ги спречува да продолжат да се сомневаат дали имаат доволно сантиметри. Ним им е вродена навика да се споредуваат со други мажи. Без разлика на големината,едноставно секој маж доживува периоди на несигурност.

Телесната тежина
Тежината е причина за несигурност во себе и кај мажите и кај жените.  Можеби тој нема да ви се пожали вас или на неговите другари, но со сигурност ќе забележи промена во својот изглед која нема да му се допадне. Тој ќе проба да вежба или да внимава на исхраната, само разликата е во тоа што нема да се жали постојано за својата тежина.
Парите кои ги заработува
Оваа несигурност можеби не е директно поврзана со надворешниот изглед, но е честа појава кај мажите. Реално да гледаме, парите во модерното време се важен фактор за многу работи, како и кога станува збор за романтичните врски. Нешто против што не можеме да се бориме е нивната перцепција за самите себе. Она примитивното не можеме да го искорениме од нив, уште во праисторијата мажот бил оној кој го снабдувал домот, па тоа им е како генетска предиспозиција. Чувствуваат потреба финансиски и материјално да ги снабдуваат своите штитенички, па ако не заработуваат „доволно“, губат целосна доверба во себе.
Стомачните мускули
За ова најмногу се виновни рекламите – опседнатоста на мажите со нивните стомачни. Може да се каже дека ова е пандан на на женската опседнатост со целулитот. Мажите сакаат да ги имаат такви совршени стомачни и на многумина од оние кои редовно посетуваат теретана, оцртаните стомачни мускули им се главната зацртана цел. Доколку воочите колкав проблем се стомачните за него, покачете ја неговата самодоверба докажувајќи му колку ви се допаѓа неговото тело, наместо да се онесвестувате пред слики од мажи од ТВ/списание/Интернет.

Висината
Ако девојката е ниска, секогаш може да облече високи потпетици, а и тоа не е некој голем проблем за девојките. Но ниските мажи имаат поголем проблем, особено доколку се земе предвид фактот што речиси секоја „листа“ со критериуми на девојките започнува со посакувањето момчето да биде високо. Уште повеќе боли е фактот што мажите нема што да направат во врска со тоа, освен доколку се одлучат на болна и скапа операција за да си додадат неколку сантиметри во висина.Замислете како им е кога сакаат да им пријдат на високи девојки или како се чувствувале кога биле мета на задевања уште во основно одделение. Имајте разбирање за нив.
 Косата
Несигурностите во врска со изгледот на косата повеќе се случај кај жените, но и мажите ги имаат. Особено доколку почнува да губи коса или очекува да му се случи тоа поради гените во неговото семејство.  Вистината е дека на голем број од девојките ова не им е никаков проблем. Напротив, многу девојки мислат дека таквиот изглед е секси и мажествена. Потсетува на јаки момци – заштитници… Плус, ретко кога момците во акционите филмови имаат нешто многу коса
Облеката
И ова е поизразено кај жените, но иако не признаваат, мажите се исто така многу загрижени за облеката. Посебно во последно време, кога жените се послободни во критиката кон машкиот изглед и кога сите имаат покачени критериуми. И жените сакаат негувани мажи! За ова, мислиме дека стварно треба да се потрудат. Барем денес е достапен Интернет и без мака може да се направат добри комбинации. Или земете го дечкото со вас на шопинг.
извор:lady.mkДолжината на пенисот
Звучи како клише, ама вистина е. С

Пронајдете не на следниве мрежи: