Политичкиот аналитичар Влатко Божиновски во емисијата „Во центар“ со Васко Ефтов вели дека причината за политичката криза во Македонија биле фантомските гласачи кои и никогаш не беа пронајдени.-Причина за политичката криза, всушност беа тие фантомски гласачи. Од тука се тргна, истакна Божиновски.
Според него, освен што фантомските гласачи биле причина за почеток на кризата, туку и за продолжување на кризата.
-Изборите беа закажани во април 2016. На два пати се одложија. Исто така причината беше наведена како фантомски гласачи. Основната причина и повод заради кој настана кризата, всушност се виде на крајот дека е непостоечка.
Ефтов, пак, посочи дека во Македонија има криза веќе три години за на крајот на кризата да се види дека причините за таа криза се невалидни.
Тој истакна дека околу 35.000 гласачи во Македонија не гласале во минатите десетина години, а на последните избори гласот го дале за СДСМ.
Ефтов праша што е тоа што може да ги натера луѓето кои не излегле повеќе од 10 години на гласање, сега да излезат и својот глас да го дадат за СДСМ.
-Има некои причини, кои што се неполитички, неидолошки, вели Божиновски.
На ова Ефтов праша дали можеби тие причини се финансиски.
-Не би сакал да шпекулирам. Јас секогаш работам со податоци, но има и таква теорија, истакна аналитичарот, на што Ефтов се надоврза дека им е платено.
Водителот праша доколку може да се направи проценка колку според таа основа гласале за СДСМ, за што Божиновски вели дека тоа е бројка од околу 20.000 – 25.000 гласови.
-Значи со овие кои не гласале изминатите 10-15 години и со овие кој на овој начин… веќе доаѓаме до бројка од 60.000. Имаме после тоа трета бројка. Тоа се оние ромски гласови кои се социјални гласови во третата, четвртата и втората изборна единица. Затоа им беа они вкрстени испитувања кои беа правени во Државната Изборна Комисија, па Фросина Ременски како министер за труд и социјална политика, објаснува Ефтов.
Божиновски се надоврзува дека затоа и Министерството за труд и социјална политика била важна за СДСМ.
Според Ефтов, ВМРО-ДПМНЕ не паднала толку многу во трета и четврта изборна единица колку СДСМ порасна.
-Беа токму тие социјални групи ромски, турски, македонски кои се на работ на социјална егзистенција, потенцира Ефтов, прашувајќи колку од тие групи СДСМ добила плус гласови.
-Во третата и четвртата мислам дека имаше по околу 7.000-8.000 гласови, вели Божиновски, на што се надоврзува Ефтов, велејќи дека остатокот се албански гласови.-Причина за политичката криза, всушност беа тие фантомски гласачи. Од тука се тргна, истакна Божиновски.
Според него, освен што фантомските