Одговарајки на прашањето за платформата на албанските парти, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ порача дека нема да потпишат платформа која нема да донесе мир во државата.– Ние на ДУИ им кажавме дека не можеме да прифатиме платформа потпишана во друга држава и да разговараме. Ние препознавме дека станува за обид за репреговарање на охридскиот рамковен договор. А, ние знаеме дека многу пати имавме сугестии од сите страни дека тој диоговор е тешко издоговаран и дека не треба да се мисли за негово репреговарање, зошто и другите заедници би излегле со свои барања како и мнозинската заедница. Така отвораме една пандорина кутија која не сум сигурен дека може лошо да заврши., рече Груевски.
– Се треба да има логика во политиката. На Албанците на овие избори им се нудеше нешто што нема да им донесе подобро. Што имаат тие ако има двојазичност во Берово, Штип, Демир Капија… Ние рековме да се збори за тоа во општини каде има најмалку 20% од било која етничка заедница, за ако треба и другите да добијат нешто. Да видиме, дали има нешто логично и што оставрува некои човекови права односно да им го подобри животот на луѓето, а не само да се фалат политичарите дека нешто направиле., додаде Груевски.
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во интервјуто порача дека нема да се откажат од работење за доброто на граѓаните.– Ако СДСМ го направи тоа и ја прифати платформата, ние сме подготвени да одиме во опозиција и ке направиме се што е во наша моќ да не се прифатат такви барања кои ќе го нарушат мирот. Сакаме да им помогнеме на сите граѓани да имаат подобар живот, преку економија, работни места, пензии, плати и подобри можности за сите. Ние сме луге кои држиме до даден збор и нелогични работи нема да прифаќаме. Ние не сме против Албанците иако медиумите на Сорос не оцрнија и создадоа лоша перцепција за нас , рече Груевски.– Ние на ДУИ им кажавме дека не можеме да прифатиме платформа потпишана во друга држава и да разговараме. Ние препознавме дека станува за оби