Приказната на една мајка ќе ве натера да размислите за прифаќањето барања за пријателство од непознати луѓе.Замислете ја оваа ситуација – маж ви праќа барање за пријателство. Не го познавате, но изгледа привлечно на профилната слика, па го прифаќате за пријател.
Денес е прв училишен ден на вашата ќерка. Изгледа толку слатко во новата облека, што едноставно мора да ја фотографирате и да ја поставите сликата на Фејсбук за да ја видат сите ваши пријатели и семејството.
Толку сте возбудени додека ја оставате пред влезот од училиштето, што едноставно се „чекирате“ таму каде што учи со коментар: „Не можам да поверувам колку порасна. Времето лета. Јас сум една горда мајка“.
Во меѓувреме, мистериозниот маж чие барање за пријателство сте го прифатиле во брзање, ја гледа фотографијата од вашата ќерка и ја препраќа на броеви на 60 различни возрасни мажи со коментар:
„Девојче. Седум години. Смеѓа коса. Црни очи. Цена: 5000 евра“.
Не само што објавивте фотографија од вашето мало девојче на трговец со бело робје, туку сте му го дале и името и точната локација на нејзиното училиште.
Одите да ја соберете по часовите, но нејзе ја нема. Не сте ни свесни дека вашето драгоцено чедо е продадено на 43-годишен болен педофил и сега е на пат кон некоја непозната земја со кеса преку глава, збунета, ужасната и уплакана, бидејќи мажот којшто никогаш не го сретнала – ја земал од школо. Сега не знае каде ѝ се родителите, каде оди и што ќе ѝ се случи.
ПРЕСТАНЕТЕ ДА ДОДАВАТЕ СТРАНЦИ НА ФЕЈСБУК И ПРЕСТАНЕТЕ ДА ОБЈАВУВАТЕ СЀ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ!
Избегнувајте да објавувате фотографии од вашите деца на профил.
СПОДЕЛЕТЕ го ова заради сите деца и нивните родители!
*Ова предупредување е пренесено од порталот trendingstylist.com. Напишано е според вистинита приказна, а имињата се изоставени со цел да се заштитат жртвите.Замислете ја оваа ситуација – маж ви праќа барање за пријателство. Не го познавате, но изгледа привлечно на профилната слика, па го прифаќате



