Обично луѓето ги избираат пријателите, поаѓајќи од многу различни фактори, но едвај се сомневаат дека имаат со нив многу заедничко дури и на ниво ДНК.Истражувачите ги споредиле генетските секвенци на речиси 2.000 лица, кои не биле поврзани биолошки. Се покажало дека кај пријателите има многу повеќе заеднички варијации на гените, отколку кај странците и непознати луѓе.
Истражувачите велат дека ова е научен доказ за оправдување на фразата „ние сме како едно семејство“.
„Луѓето се единствени по тоа што создаваат долготрајни врски со претставниците на својот вид“ – раскажува социологот Николас Кристакис од Универзитетот Јејл.
„Зошто го правиме тоа? Зошто се дружиме? Преферираме друштво на луѓе со кои сме слични.“
Според него, ова истражување било спроведено со цел да се добие целосен еволутивен одговор за потеклото и значењето на пријателството. Откако анализирале речиси милион ипол ознаки на генетската особеност кај 1932 лица, истражувачите откриле дека кај двајца пријатели нивото на генетска врска е идентична на сродство од четврто колено – како петти братучеди или прапрапрародители што сочинува до 1% од човечкиот геном.
Иако на прв поглед 1% изгледа како сосема занемарлива бројка, Христакис смета дека за генетичарите тоа е значителен број. Повеќето луѓе дури и не знаат како изгледаат нивните петти братучеди. Но, меѓу мноштвото можности избираме за пријатели луѓе коипотсетуваат на наши роднини. Интересно е дека најголеми сличности се забележани во гените одговорни за мирис, односно перцепцијата на мириси.
Кога луѓето ги чувствуваат миризбите на сличен начин, нив ги влече кон исти места. Можно е на таков начин да се врзани не само современите, но и древните познанства. Покрај тоа, древните луѓе токму по мирисот ги издвојуваат своите од странските.
Објаснувањето на истражувачите е дека за време на еволуцијата различни генотипи ги бранеле луѓето од болестите на пријателите, лишувајќи ги бактериите и вирусите од можноста да го напаѓаат човечкиот организам подеднакво.
Добиените податоци сведочат дека таков метод за избор на пријатели најверојатно придонесе за човековиот развој. Научниците утврдиле уште дека општите гени кај пријателите еволуираат со поголема брзина од сите останати. Ова делумно се објаснува со забрзувањето на процесот на развој на човештвото во последните 30.000 години, кога многу работи почнаа да зависат од социјалната средина, а пријателството се јавува една од главните нејзини компоненти.
Истражувачите признаваат дека заклучоците засега се вистинити само за Европејците (токму нивни ДНК примероци биле користени). Но, денес многу луѓе избираат пријатели од други националности, затоа на општествено ниво слични врски можат да не се истакнати.
Научниците истакнуваат дека се отворени за дискусии и планираат понатамошни истражувања за ова прашање.Истражувачите ги споредиле генетските секвенци на речиси 2.000 лица, кои не биле поврзани биолошки. Се покажало дека кај пријателите има многу пове