Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.У. од Краљево поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Истовремено, против 26-годишниот М.П. и 25-годишниот Ѓ.П, исто така од Краљево, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „помагање“.На тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Според првичната истрага на полицијата, на 1 јануари околу 2 часот во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, настанала жестока вербална расправија меѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар М.(27) со двајца негови пријатели од Охрид, а од другата страна српските државјани од Краљево. Вербалната расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во објектот „Табана“, каде имало организирана прослава за дочекот на Новата година.
Тројцата млади луѓе од Охрид после полноќ дошле во кафе-барот и застанале на шанкот каде биле сега притворените. Во еден момент настанала вербална расправија и туркање меѓу нив по што од страна на персоналот биле разделени.
Кога Димитар М. излегол од угостителскиот објект сакајќи да замине, првопријавениот Б.У. излегол надвор од објектот со цел да го запре и да се пресмета со него. Го нападнал удираќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, по што Димитар М. од тежината на повредите починал.
Потоа Б.У. се вратил во објектот каде бил пречекан од второ и третопријавените и се упатил кон неговата соба да се преоблече. Второ и третопријавените со цел да го прикријат делото, најнапред го сместиле Б.У. во собата на нивни пријателки во истиот објект, а подоцна откако се осигурале дека е безбедно, го вратиле во неговата соба.
Со цел целосно расчистување на случајот, СВР Охрид го обезбеди местото на настанот и во содејство и присуство на Јавен обвинител изврши криминалистичко-технички увид со цел обезбедување материјални траги. По наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во седум соби во објектот „Табана“, со цел пронаоѓање на сторителите на кривичното дело. Во една од собите, пронајдени се сега притворените српски државјани. Во нивната соба, пронајдени и обезбедени се траги од крв и на дел од облеката на првопријавениот.
СВР Охрид ги презеде сите неопходни оперативни мерки и истражни дејствија, направи увид на местото на настанот, се спроведе постапката за препознавање на сега притворените како и анкетирање на очевидци и вработени во угостителскиот објект „Табана“. Сите активности биле реализирани во содејство и координација со јавниот обвинител. По негова наредба, вчера беше извршена обдукција врз телото на сега починатиот.На тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Според првичната истрага на полицијата, на 1 јануари околу 2 часот