Пријателката ѝ го украла фустанот, а таа нејзе- МОМЧЕТО!

Пријателството во некои случаи е прилично кревка материја доколку судиме според видеото кое се појави на социјалните мрежи.Ете, доколку поверуваме во исповедта на младата дама Попи која својата тажна приказна одлучила да ја сподели со целиот свет на Јутуб, спиела со момчето на својата најдобра пријателка Клои поради одмазда за фустан.
Инаку, Клои ја натерала Попи  да го врати веќе купениот фустан   во продавница бидејќи на својата роденденска забава сакала да носи ист таков, па Попи го сторила она што и секоја друга разумна личност би го сторила  – имала односи со извесен Том.
Секако, саркастични сме бидејќи нам ни е тешко да поверуваме дека и такви работи се случуваат, но прочитајте го и остатокот од нејзината изјава по што и вие ќе се запрашате дали плаче затоа што ѝ е жал или затоа што ја оцрниле во друштвото.
„Сакам да признаам дека спиев со момчето на својата најдобра пријателка на нејзиниот роденден. Клои, многу ми е жал. Зарем навистина ќе дозволиш тоа да го уништи нашето пријателство и ќе останеш со Том? Како воопшто можеш да бидеш со него, а со мене не разговараш?

Го сторив тоа бидејќи ме натера да го вратам купениот фустан  бидејќи сакаше да носиш ист таков за роденденската забава. Том дури и не ми се допаѓаше. Требаше да ми дозволи да го носам.  Немаше да дојде до ова“, напоменала младата дама, па открила што друго ја боли.
Инаку, барем така тврди Попи, Клои од  одмазда почнала да шири трачеви, па сето тоа дошло до нејзините родители.
„Јас тебе тоа никогаш не би ти го сторила. Никогаш не би била толку злобна да отворам страна на интернет за која би пишувала лаги за тебе“, додала Попи.
Ете, доколку поверуваме во исповедта на младата дама Попи која својата тажна приказна одлучила да ја сподели со целиот свет на Јутуб, спиела со мом

Пронајдете не на следниве мрежи: