На 150 објeкти од државен интерес досега е извршена проценка на безбедноста по земјотресите во Скопје и околината, при што Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) не утврдил конструктивни оштетувања и се безбедни. Станува збор за здравствени, образовни, деловни државни објекти…Од ИЗИИС информираат дека нивни тимови вршат проценки и на објекти за кои општинските комисии констатирале конструктивни оштетувања.
На терен за проценка на безбедноста на објектите ИЗИИС ангажира петнаесетина тимови, кои работат наизменично зависно од тековните ангажмани.
До надлежните институции досега се пријавени оштетувања на 2.500 објекти за индивидуално и колективно домување и објекти од државен интерес. По земјотресите на телефонскиот број 195 на Центарот за управување со кризи имаше пријави за оштетени покриви, фасади, распукани ѕидови, искршени прозорци, а регистрирани се и оштетувања на патнички возила.
Скопје и околината од неделата беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала.Од ИЗИИС информираат дека нивни тимови вршат проценки и на објекти за кои општинските комисии констатирале конструктивни оштетувања.