Приказна од животот: Нема да поверувате што и направила најдобрата пријателка

Кога преплашената трудница била донесена на итна операција, таткото на нејзиното бебе не бил со нејзе, но таа не била сама, со неа била нејзината најдобра пријателка…Грижливата пријателка Беки Дугмор била со Кристи Кол, дури го чувала нејзиниот тригодишен син, додека таткото Дејвид Месенџер се забавувал или работел.
И додека 29-годишната Кристи закрепнувала од операцијата на цисти на јајници, која била опасна по живот, Беки не се двоумела да го критикува Дејвид.
„Беки правеше се за мене, ми донесе облека, ми помагаше дури и да се истуширам, го чуваше моето дете бидејќи јас не можев да кревам. Повторуваше дека тоа не и тешко, но дека тоа е работа на Дејвид. Говореше дека нашата врска е како шега и дека би ми било подобро без него“, раскажува Кристи.
Така Кристи го послушала советот од пријателката и го оставила Дејвид.
Два дена подоцна Дејвид имал нова жена во неговиот живот – Беки.
Сега парот очекува бебе, а Кристи наскоро треба да роди- сама.
„Мојата најдобра пријателка и таткото на моите деца ме повредија токлу многу што никогаш нема да можам да им простам. Дејвид ни малку не ме почитуваше, А Беки е таа која ми помагаше да ја завршам таа врска. Рече дека никогаш не би дозволила некој да се однесува кон неа како Дејвид со мене, но всушност го сакала за себе. Мислев дека е на моја страна, и ми рече дека ќе ми помогне ако бидам самохрана мајка и дека ќе внимаваме една на друга.“

Кристи и Беки се запознале пред 10 години кога и двете биле слободни и живееле во соседството Абергавени(Велс).
„Зборувавме како би било убаво и двете да бидеме бремени во исто време, па нашите деца да бидат пријатели како што сме ние две. Не можев ни да претпоставам дека нашите деца ќе имаат ист татко. Искрено секогаш мислев дека таа секогаш ќе биде тука за мене, бидејќи се однесуваше кон мене многу подобро од Дејвид. Мојата сестра била во град и ги видела Дејвид и Беки заедно. Ми кажа дека се сомнева дека нешто се случува, но јас не можев да поверувам. Никогаш не сум помислила дека би ми направила такво нешто. Но Беки и понатаму ме игнорираше, па ја замолив сестра ми да и прати порака. Ја праша дали е со Дејвид сега и таа потврди. Се обидов да разговатам со неа, но никогаш не се соглси“, раскажува Кристи.
„Кристи постојано се жалеше од мене. Не престана да приговара зошто работам до доцна, таа ме отргна од себе. Да бидам искрен, не ме интересира што вели таа. Веќе подолго време ми се допоаѓа Беки и сега сме заедно. Вакви работи се случуваат често, Беки е бремена и Кристи мора да се помири со тоа“, вели Дејвид.
 
 Грижливата пријателка Беки Дугмор била со Кристи Кол, дури го чувала нејзиниот тригодишен син, додека таткото Дејвид Месенџер се забавувал или рабо

Пронајдете не на следниве мрежи: