Приказна: Ручек со Бог

 

Едно момче тргнало да го бара Бог. Во случај да огладне патем, си го наполнил ранецот со кутија колачиња и овошен сок. Одејќи така стигнал до еден парк каде седел постар човек. Му се причинило на момчето дека човекот е гладен, па му понудило од своите колачиња. Старецот прифатил насмевнувајќи се. Потоа момчето му понудило и од сокот. На ова старецот уште повеќе се насмевнал. Така седеле во паркот со часови, јаделе колачиња и пиеле сок. По некое време момчето тргнало да си оди, но се навратило за да го прегрне старецот. Старецот раширил голема, искрена насмевка на своето лице, а на момчето насмевката му се причинила како да е волшебна.
Кога момчето се вратило дома мајката го прекорила што се враќа толку доцна, па го прашала каде се задржал. На ова момчето одговорило: „Мамо, денес ручав со Бог. Тој има најубава насмевка.“
Кога старецот се вратил дома, неговите синови забележале дека е многу радосен, а тој им рекол: „Денес јадев колачиња со Бог во паркот, тоа ме направи многу среќен.
Преокупирани од работата и куќните обврски забораваме колку нечија насмевка, допир или подадена рака ни значат во животот. Понекогаш е доволно само да се прими комплимент и подршка за повторно да се вратиме во живот. Да разбереме што губиме позади сите оние пренатрупани денови. Треба да ги отвориме вратите на своето срце, да покажеме внимание и сите да ги третираме еднакво.
Извор: lady.mk
 

Едно момче тргнало да го бара Бог. Во случај

Пронајдете не на следниве мрежи: