Приказна со тажен крај: која била вистинската Покахонтас?

Студиото Walt Disney, во далечната 1995 година ги запозна сите деца во светот со приказната за Покахонтас, преубавата индијанска принцеза и ќерка на поглаварот Пухатан и која го жртвувала својот живот за да го спаси од погубување англискиот авантурист и капетан Џон Смит, кој беше заробен од страна на Индијанците. Вистинитата приказна врз која се заснова овој цртан филм, воопшто не е толку убава.Покахонтас или „размазено дете“ бил нејзиниот прекар. Матоака била уапсена кога имала 17 години за време на посетата на Џејмстаун од страна колонистите, каде повеќе од година дена ја држеле како заложник.
Матоака го запознала капетанот Смит пред нејзиното заложништво, но меѓу нив не се појавиле „љубовни искри“. Всушност, Џон Ролф беше тој кој и фрли око.
Таа се сложила да се омажи со него на 5 април 1614 година и набрзо родила син со име Томас. Кога Матока и Џон Ролф сакале да се вратат во Вирџинија, таа од непознати причини го напуштила бродот кој се укотвил во Грејсвенд, Англија. Почина истата година (1617) и тоа на 21-годишна возраст.
„Жално е тоа што оваа тажна приказна поради која Американците би требало да се срамат, Дизни ја има искористено за забава и ја овековечил за сопствена корист, а со тоа се наштетува народот Пухатан“, напишал индијанскиот поглавар Рој Дивиот Коњ.

Уште е спорно дали Матоака воопшто го спасила Џон Смит. Имено, кога тој за првпат пишувал за своите искуства со Пухатаните, ниеднаш нема спомнато дека Матоака му го спасила животот. Дури во книгата „Општа историја на Вирџинија“, која беше објавена во 1624 година, Смит напишал дека Пухатаните пробале да го каменуваат, но дека Матоака со своето тело се испречила помеѓу нив и него. Тој наведува дека кога се подготвувале да го каменуваат, кралевата ќерка ја гушнала неговата глава и го заштитила.
Скептиците сметаат дека е необично што Смит чекал цели 17 години за го опише настанот, чекајќи долго по смртта на Матоака. Затоа преовладува мислењето дека нејзиниот чин на пожртвуваност воопшто не се случил.
Сепак, некои докази покажуваат дека Матоака и Смит немале толку посебен однос. Племенскиот сојуз на Пухатан, тврди дека на Матаоки не и се допаѓал Смит и дека во една прилика кога во видела во Лондон, одбила да разговара со него и го нарекла лажго.
 Покахонтас или „размазено дете“ бил нејзиниот прекар. Матоака била уапсена кога имала 17 години за време на посетата на Џејмстаун од ст

Пронајдете не на следниве мрежи: