Добро размислете откако ќе ја прочитате оваа приказна! Некои пораки што таа ги пренесува можат да ви го променат животот.Си бил еден гавран. Живеел во шумата, но летал каде што ќе посака, имал многу пријатели меѓу животните, и се на се, живеел убав и исполнет живот. Меѓутоа, еден ден го видел лебедот…
Неговата белина и грациозност го воодушевиле гавранот, и тој, кој до тогаш мислел дека е убав и среќен, помислил дека сепак лебедот е многу поубав и посреќен од него.
„Грешиш! И јас мислев дека сум најсреќната птица на светот, се додека не го видов папагалот. Тој е прекрасен, а не јас! Тој мора да е најсреќната птица на светот“, му рекол лебедот на гавранот кога тој му го изразил своето воодушевување.
По некое време, на едно од своите патувања гавранот налетал на папагалот. Седел во кафезот на балконот во некој стан и пеел пред огледалото. Бил шарен, а перјата му сјаеле на сонцето.
Гавранот помислил: „Еве ја најсреќната и најубавата птица на светот“… „Ти си прекрасен! Мора да си најсреќната птица на светот“, му рекол гавранот на папагалот кога слетал покрај неговиот кафез.
„Јас секогаш мислев дека сум најубава и најсреќна птица на светот. Но, заради мојата убавина, секогаш сум во овој кафез. Веќе подолго време ги гледам гавраните кои летаат покрај мојот златен кафез. Тие летаат каде што ќе посакаат, ги обиколуваат шумите и немаат никакви обврски. Мислам дека најсреќните птици на светот се гавраните“, рекол папагалот.Си бил еден гавран. Живеел во шумата, но летал каде што ќе посака, имал многу пријатели меѓу животните, и се на се, живеел убав и исполнет живот. М