Приказна: Зошто Љубовта е слепа?

Приказна која многу нешта ќе ви разјасни, но и ќе ве разнежни.Во земјата на сите емоции и чувства некако побавно врвело времето, па затоа Лудоста решила на сите да им предложи нешто.
– Ајде да си играме криенка – рече Лудоста
– А како се игра таа игра? – прашала Љубопитноста
– Јас ќе ги затворам очите и ќе бројам до милион. Вие ќе се сокриете, а јас кога ќе избројам ќе ве барам. Ако ве најдам сите, победувам – објасни Лудоста.
Интригата ја крена веѓата, а Нестрпливоста постојано цупкаше во место чекајќи играта да започне. Сите сакаа да играат освен Завидливоста, која е намурти зошто на неа не и текнало на играта.
И Лудоста ги затвори очите и почна да брои. Сите започнаа да се кријат. Мрзеливоста бавно отползи зад најблискиот камен, мистериозноста се зави во својот превез, а глупавоста застана зад едно тенко дрвце без да забележи дека целата се гледа.
И се сокрија сите освен Љубовта, а Лудоста веќе беше при крај со броењето. Не знаејќи што да направи, Љубовта скокна во една градина со рози. Лудоста извика – Милион! Барам!

 
И почна сите да ги наоѓа. Ја најде Мрзеливоста, ја најде Глупавоста, ја најде и Лагата во езерото, иако таа рече дека ќе се сокрие зад сонцето. И така ги пронајде сите освен Љубовта. Бараше и бараше цел ден, но не ја најде.
Се разлути лудоста дека не ги најде сите. Зеде една прачка и бесно почна да ги удира розите. Наеднаш се слушна силен вресок, и од розите излезе Љубовта со очи полни трње. Лудоста се расплака, и почна да вика:
– Леле, прости ми. Не знаев дека си таму! Извини1 Не сакав! – викаше Лудоста плачејќи. Но беше предоцна, Љубовта веќе беше слепа. Лудоста стана, ја фати за рака и  рече – Од сега јас ќе те водам каде и да одиш.
Од тогаш Љубовта е слепа, а Лудоста е нејзина вечна водилка и придружник.Во земјата на сите емоции и чувства некако побавно врвело времето, па затоа Лудоста решила на сите да им предложи нешто.
– Ајде да си играм

Пронајдете не на следниве мрежи: