Приказната на девојчето од фотографијата НЕМА да ве остави рамнодушни!

Појавувајќи се на насловните страници во светските медиуми, оваа фотографија од 1972 година ги потресе луѓето.Дента кога била направена фотографијата, цело село било под удар на напалм, запалива течност која се лепи на кожата, предизвикувајќи изгореници и неподнослива болка.
„Секогаш ќе го паметам тој ужасен ден кога бегавме од смртта“, вели 52-годишната Ким Пук, која денес живее на периферијата од Торонто и е мајка на две деца.
„Во почетокот ја мразев таа фотографија. Ми беше срам. Не ми годеше публицитетот кој дојде по нејзиното објавување“, објаснила Ким.
Нејзината облека почнала да гори, па таа ја соблекла што е можно побрзо и почнала да бега.
Неколку минути подоцна, ја здогледал 21-годишниот новинар Ник Ут, кој во тоа време работел за „Associated Press“. Тој ја искористил шансата за да ја сними една од најдобрите фотографии во светот.

Како што Ким се приближувала, така делови од нејзината кожа почнале да отпаѓаат – напалмот веќе го оштетил нејзиниот врат, поголемиот дел од грбот и нејзината лева рака.
„Си помислив `О, мој Боже, не можам да поверувам дека изгорениците се толку страшни`. Веднаш го спуштив фотоапаратот и се обидов да ѝ помогнам“, рекол Ут.
Ги полеал раните со вода, а Ким ја прекрил со капут. Ја сместил со останатите деца во комбе кое ги однело во болница.
Ким била во болница повеќе од година дена, а нејзиното семејство мислело дека нема да остане жива.
Минала низ бројни интервенции за пресадување на кожата, но и покрај тоа што раните целосно зараснале, таа никако не можела да го пронајде душевниот мир.
По долгата борба, Ким сфатила една битна работа – за хоророт во војната и за страдањата што ѝ се случија на нејзината земја, никој не би дознал ако нејзиното лице не беше овековечено на филм.
„Сфатив дека никако не можам да избегам од неа. А ако веќе беше така, тогаш сакав таа да стане пат кон постигнување на мир. Тоа беше мојот избор“, рекла Ким.
Во меѓувреме, оваа храбра жена станала амбасадор за добра волја во Обединетите Нации и основала хуманитарна фондација која им помага на децата-жртви на војната, градејќи за нив болници, училишта и домови.
Исто така, Ким секоја година патува по светот, раскажувајќи ја приказната за својот опстанок за да го поттикне развојот на општествената свест за бруталноста на војната.
„Токму затоа повеќе не бегам од таа фотографија. Благодарна сум што преживеав, што сум здрава и што можам да им помагам на другите. Сега не трчам – сега летам“, заклучила Ким.Дента кога била направена фотографијата, цело село било под удар на напалм, запалива течност која се лепи на кожата, предизвикувајќи изгореници и н

Пронајдете не на следниве мрежи: