„Приказната на Заев е купи ден продај, после пак Груевски ќе им биде виновен“

Ветуваа минимална плата од 16 илјади денари, сега ја сведоа на 12, но и тоа зголемување кое треба да го направат газдите на фирмите ќе им се плаќа 6 плус 6 месеци од парите од сите граѓани од буџетот, со што само потврдуваат дека давале нереални ветувања од некомпетентни луѓе. А што после 6 односно 12 месеци? Нема пари, нема музика, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој се обрати на 26-та Годишната конференција на УМС.-Кога ќе секнат буџетските дотации за минимална плата, на еден или друг начин газдите ќе си се снајдат, се разбира на грбот на работниците. Ама приказната на Заев е купи ден продај. 6 месеци или 12 да се купат, па после што ќе биде нека биде. После пак Груевски ќе им е виновен.
Засега, додаде тој, слушаме само за реформи од типот ветер и магла.
-Некомпетентни луѓе на клучни функции. Макрадули како информатичар, ако веќе морало да е заменик министер, секој мислеше дека ќе е во министерствотот за информатика. Заев го стави во екологија. Појма нема човекот од екологија, доправа ќе учи. За директор на агенцијата за админситрација поставија член на ИК на партијата. А нели ќе ја департизираа адмиснистрацијата. Значи стана правило: се што ветуваа тераат обратно. Едно на збор, обратно на дело.
Тоа е оваа влада, рече Груевски и додаде: Базирана на неработење, нестручност, безидејност, хаотичност, немање концепт, немање план,  влада на која народот неможе да се потпре, влада која не држи до дадениот збор, базирана на омрза, гнев и лични фрустрации, пропратена со виткање кичма кога и каде треба. Тоа е во една реченица се за нив. Само рушење, запирање, незнаење, никаде создавање, креирање, модернизација.
-Кога ќе секнат буџетските дотации за минимална плата, на еден или друг начин газдите ќе си се снајдат, се разбира на грбот на работниците. Ама при

Пронајдете не на следниве мрежи: