Закани од пијани патници, повраќање во автомобилот, а неретко и вадење оружје, само се некои од непријатни ситуации со кои се соочуваат таксистите во Република Српска.Последниот напад се случил минатиот викенд. Беше нападнат возачот на бањалучкиот „Патрол такси“, а неговата судбина ја делат многу возачи чии приказни потврдуваат колку е опасна оваа работа.
Претседателот на здружението „Макси такси“, Зоран Балабан, рече дека се зачестени нападите над таксистите и дека тие често се изложени на животна опасност.
– Пред неколку години, еден колега од „Мобил такси“ беше нападнат и избоден со нож. Тасксистите стравуваат затоа што немаат никаква заштита – истакна Балабан, кој повеќе пати се најде во опасни ситуации во неговата 14-годишна кариера како таксист.
Тој додаде дека пијаните патници предизвикуваат најмногу проблеми.
– Тие бараат било каква причина за провокација. Минатата недела во автомобилот влезе момче и ме праша дали би сакал да бидам со неговата мајка?! Кога му реков дека не сакам, тој почна да тропа по седиштето и викаше: „Што, зарем мајка ми не е добра, не ти одговара?“ – раскажа Балабан.
Тој се присети и на случајот со кој се соочи неговиот колега. Тој возел младо момче и кога патникот требаше да го плати возењето, истрчал во продавница, украл две ленти сланина, ги извлекол од под јакната и прашал: „Дали ова може да ги подмири трошоците?“
Таксистите се пожалија и дека почесто добиваат ќотек кога бараат некој да им плати.
– Луѓето порано имаа повеќе пари. За жал, денес работите се поинакви – заклучи тој.Последниот напад се случил минатиот викенд. Беше нападнат возачот на бањалучкиот „Патрол такси“, а неговата судбина ја делат многу воза



