ПРИКАЗНИ од реалниот живот: 5 жени и нивните причини за неверство!

Небитно од која причина, неверството е секогаш погубно за љубовната врска. Дури и ако другата страна одлучи да премине преку тоа, прашањето за нарушената доверба често ја нагризува врската, а ретки се оние кои по неверството сметаат дека и понатаму се наоѓаат во среќна врска, покажало истражувањето на канадскиот универзитет Гулф.Магазинот Elle, ги објави приказните на пет жени, како и нивните објаснувања зошто влегле во туѓ кревет.
1. „Барав утеха“
Уште од првиот ден кога се омажив за него, знаев дека направив огромна грешка, вели 50-годишната Елизабет. Беше пасивно-агресивен, сакаше да ме контролира и очекуваше дека ќе дадам отказ за да останам дома и да се грижам за децата и домот. По првата година од бракот, почнав да го изневерувам со колега од работа. Не се залетував дека станува збор за љубов, но тоа беше ситуација која ми ги отвори очите – бев со некој со кој се чувствував добро, ми даваше самодоверба, ме смееше и почитуваше поради тоа што сум и не сакаше да ме претвори во некоја друга личност.
Таа афера ми помогна да се пронајдам себеси, да ги откријам своите желби и да посакам да живеам без сопругот. Да не се случеше, ќе беше прашање на време дали би имала храброст да побарам развод. Денес, цели 25 години подоцна, мажена сум за прекрасен човек. Меѓусебно се сакаме и не се обидуваме да се промениме.
2. „Си наоѓавме недостатоци“
Се омажив кога имав 22 години, а сѐ се смени по свадбата, вели 28-годишната Ванеса. На почетокот бевме нестрпливи да основаме семејство и да добиеме деца, но одеднаш јас не го чувствував истото. Ѝ се посветив на работата што ја сакам и децата веќе не беа дел од планот. Тој беше повреден поради тоа и почна да ми наоѓа недостатоци. Така почнаа кавгите, а јас му се лутев бидејќи сакаше на секој начин да ме омаловажи. Си нанесувавме болка.
Иако инсистирав да употребуваме заштита, една вечер го фатив како се обидува да го тргне кондомот. Сакаше да забременам. Тоа беше крајот на нашиот сексуален живот. Недостатокот на интимност доведе до измама: запознав маж преку интернет и почнавме да се гледаме веќе година дена. Сопругот ме фати во измамата, но сепак сакавме да му дадеме на нашиот брак уште една шанса. Одевме на брачна терапија и успеавме. Најважната лекција која ја имам научено е дека вината за незадоволството во бракот е наша заедничка грешка.

3. „Ми беше досадно и бев несреќна“
Со моите 35 години, животот ми беше како во сон – сопруг кој ме обожува и две прекрасни деца, но всушност бев несреќна, открива Барбара. Мојот сопруг беше добар човек, но покрај него ми беше досадно. Таа година заминав на службено патување и во лифтот од хотелот го запознав Боб. Почувствувавме хемија и поврзаност, си разменивме броеви и останавме во контакт. Одлучив да отидам во Австралија за да го видам и да ја завршиме нашата приказна.
Но, се заљубив. Напуштив сѐ – земјата, сопругот, работата и родниот град. Отидов да живеам со Боб во Австралија. Станав силна, независна и полна со самодоверба. Тоа беше пред 25 години, а денес Боб и јас сме во среќен брак, имаме сопствен бизнис и неверството беше пресврт во мојот живот – најдобрата работа што можеше да ми се случи. Боб и јас имаме пет деца и десет внуци. Никогаш не ми е досадно.
4. „Мојот сопруг беше воркохолик“
Цели 10 години јас сама го водев својот живот, без разлика што бев мажена. Мојот сопруг никогаш не беше во близина, признава 49-годишната Барбара. Гери во целост беше преокупиран со својата работа, а сопругата му беше потребна само како украс. Никогаш немаше енергија, ниту желба да бидеме заедно. Јас давав сѐ од себе за да му бидам посветена на семејството, но длабоко во душата знаев дека не сакам така да живеам цел живот.
Една вечер го запознав Том и почнавме тајно да се гледаме. По неколку недели, одлучив да се разведам и две години подоцна се омажив за Том. Том влезе во мојот живот и ја разбуди жената во мене, ми покажа дека секој миг е скапоцен, но неговата смрт ми го одзеде сето тоа. Сепак, во мене постои надеж дека повторно ќе ги искусам тие чувства.
5. „Тој прв ме измами“
Бевме во брак само година дена, откако дознав дека тој беше со друга. Бев лута, повредена и ме убиваше мислата дека јас не му бев доволна, вели 33-годишната Лери. Се чувствував дека не сум доволно добра, способна и привлечна како жена.
Сиот тој хаос пресуди и сама да се впуштам во афера. Го изневерив за да се одмаздам, но и за да ја вратам загубената самодоверба. Сакав повторно да почувствувам дека сум привлечна и посакувана. Мојот сопруг дозна за тоа и подоцна одлучивме да побараме совети за да го спасиме бракот. Нашиот брак преживеа, а лекцијата која што ја научив од аферата е дека ние сме си доволни еден на друг за да бидеме среќни, но потребен е постојан труд и внимание за да се одржи врската.Магазинот

Пронајдете не на следниве мрежи: