Прилеп е подготвен за одржување на 14-тиот фестивал на „Пиво фест 2016“ што ќе се одржи од 14 до 17 јули.И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот. Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп, посочија на денешната прес конференција водителската екипа Марјана и Жаре.
Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови, на гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.
Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград „Самостални референти“, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак како и познатата балканска ѕвезда Аца Лукас.
Како и во изминатите години така и оваа, сите кои сакаат авантуристички начин на одмор и добра забава ќе може да кампуваат на Могилата на непобедените, со вкусна џорба и утринско кафе и чај.
Од Македонски Железници најавија дека сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со бесплатен билет.
И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот. Економскиот бенефит на градот