Опозицискиот лидер Зоран Заев кој отворено се залага за двојазичност на целата територија на Република Македонија вечерва им подметна албанско знаме на прилепчани на премиерниот митинг на опозициската коалиција за изборите закажани на 11-ти декември. Градот херој возврати со бојкот и слаб одзив на собирот.Нешто помалку од 4.000 граѓани дојдоа на првиот митинг на СДСМ во Прилеп. Без еуфорија, со многу навреди, клевети и црна кампaња и без ниту еден позитивен проект помина воведниот митинг на опозицијата предводена од Заев.
Наспроти ова, еуфорична и победничка атмосфера владееше во Охрид на митингот на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде присуствуваа околу 30.000 граѓани.
Негативната кампања, проалбанските ставови и намерата за федерализација беа причините прилепчани да го бојкотираат овој собир.
Локалниот портал Маркукуле објави дека ниту членовите од внатрешноста не го спасија фијаското на СДСМ во Прилеп.
-Сакајќи да го прикријат револтот на членството кон лидерот Зоран Заев во Прилеп пристигнаа голем број членови на СДСМ од цела Македонија. Паркинзите беа преплавени со возила и автобуси од цела држава. Но, јавно искажаниот бојкот за изјавата на Заев од под Градскиот часовник во Прилеп за двојазичност и во овој град , беше воочлива. Таа изјава и трибината во Швајцарија со Зијадин Села ги разочара и најтврдокорните поддржувачи на СДСМ во Прилеп, објави порталот.
Нешто помалку од 4.000 граѓани дојдоа на првиот митинг на СДСМ во Прилеп. Без еуфорија, со многу навреди, клевети и црна кампaња и без ниту еден по
Пронајдете не на следниве мрежи: