Прилепчани повторно во голем број излегоа на улиците на својот град и дадоа голема поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.Пред прилепчани се обрати претставник на ловџиите, кој порача дека пратениците треба да се ослободат од канџите и да кажат големо патриотско „НЕ“ за тиранската платформа.
-Порака до сите пратеници, ако за време на изборите ви дадовме мандат за подобар живот, никако не ви дадовме да ни ја распарчувате државата и бидете свесни, како што ви се даде така може да ви се одземе мандатот. Силата на избирачите е на денот на изборите, а на пратениците низ мандатот, затоа ги замолуваме да се ослободат од канџите на вашите лидери и кажете го вашето големо патриотско „НЕ“ за тиранската платформа, изјави претставник на прилепските ловџии.Пред прилепчани се обрати претставник на ловџиите, кој порача дека пратениците треба да се ослободат од канџите и да кажат големо патриотско &bdquo