Доброволци, вработени во основните и средните училишта, младинци, пензионери, екипи од ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација“, Македонски шуми – Црн Бор, ВП Прилепско поле, противпожарната единица, екипа од брзата медицинска помош, рано утрово заминаа во нова акција за расчистување на поплавените куќи во Стајковци.Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески задоволен од одѕивот на прилепските доброволци кои веќе трет ден помагаат при расчистување на поплавените куќи во скопските населби, повика на уште поголема масовност за пријавување на доброволци, но и за донирање на храна, облека и средства за хигиена. Пунктови за донирање има во сите урбани заедници, како и на пунктот на плоштадот “М.А.Ченто“ од ОО на Црвениот крст.
За доброволно пријавување локалната самоуправа го отвора телефонскиот број 048/401-701, за сите граѓани кои сакаат да се пријават за помош при расчистување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телефонски број за контакт!
Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески задоволен од одѕивот на прилепските доброволци кои веќе трет ден помагаат при расчистување на поплавенит