Примила инекција која ја бараат милиони жени и останала парализирана!

На 29 август 2014 година требало да биде најсреќен ден во животот на Ирум Јете (34). донела на свет прекрасно здраво девојче. Таа и нејзиниот сопруг Адам (37) биле во солзи од среќа кога нивната ќерка заплакала за прв пат, а потоа, неколку часа подоцна, среќата прераснала во вистинска агонија.Поради компликации при епидурална анестезија, Ирум останала парализирана од карлицата надолу, и денес живее во инвалидска количка, надевајќи се дека со исцрпувачките петчасовни вежби кои ги прави секојдневно ќе успее повторно да застане на нозе.
„Породувањето само по себе беше прекрасно искуство. Потоа бев во еуфорија! А кога Адам извика дека е девојче и двајцата бевме во солзи од среќа“ се присетува Ирум, која се породила во една болница во Лондон. Тогаш не можела ниту да сонува дека остаокот од животот ќе го мине во количка.
Првите знаци се јавиле неколку часа по породувањето, кога анестезијата веќе требало да попушти, а таа се уште не ги чувствувала нозете. Им се пожалила на докторите, но тие ѝ кажале дека тоа е сосема нормално и дека нема потреба за грижи. Дури околу пет часот попладне следниот ден, кога Ирум се уште не можела да ги помрдне нозете докторите заклучиле дека ѝ е потребен скенер.
Ирум на 20 години имала пресадување на залисток на срцето и поради тоа докторите ја советувале да земе епидурална анестезија за да се намали стресот на срцето. Не се противела бидејќи се работи за многу честа ритунска процедура при што анестезијата се вбризгува во рбетот и скоро никогаш нема компликации.
Клучниот збор „скоро“ е нешто во што оваа млада девојка набрзо се уверила.

„Докторите одеднаш испаничија кога видоа дека се уште не може да се движи и ја префрлија во друга болница во Лондон“, се присетува Адам. Таму, по низа испитувања, заклучиле дека при ставањето на епидурална анестезија дошло до многу ретка компликација кога се создало крвно згрутчување кој го притиска рбетниот мозок. Веднаш ја префрлија во операциона сала и ја оперираа за да се намали притисокот.
 
Операцијата ѝ го спасила животот, но сепак останала парализирана. Денес, 20 месеци подоцна, се уште е во количка и секојдневно прави вежби со надеж дека повторно ќе застане на нозе. Ирум работела како научник во лабораторија, но морала да даде отказ бидејќи било невозможно да продолжи да се занимава со оваа работа од количка.

„Ова е голема борба. Секојдневно чувствувам силна болка и не сум доволно сигурна сама да ја напуштам куќата во количка. Понекогаш се чувствувам потполно безвредно. Се уште не сум поминала ниту минута насамо со мојата ќерка“раскажува храбрата мајка.
Таа и нејзиниот сопруг најмиле тим врвни адвокати кои се обидуваат да откријат дали болницата е виновна за нејзината денешна состојба. Во меѓувреме Ирум прави вежби и собира пари за нова терапија која ќе ѝ овозможи еден ден да застане на нозе.Поради компликации при епидурална анестезија, Ирум останала парализирана од карлицата надолу, и денес живее во инвалидска количка, надевајќи се дек

Пронајдете не на следниве мрежи: