Примила подарок од ПОКОЈНИОТ СОПРУГ: „Ова ќе ти се случува сѐ до смртта“

Џим Голеј бил љубовта на нејзиниот живот. Шели му родила деца, се сакале и биле неразделни. Меѓутоа, судбината сакала Џим прв да ја напушти Шели.Тој се разболел од тумор на мозокот и починал во болница. Шели била неутешна, сѐ додека еден ден некој не ѝ заѕвонил на врата.
Кога ја отворила вратата, а тоа било на Денот на вљубените во 2014 година, не можела да им поверува на очите. Пред неа стоел човек со букет цвеќиња во рацете, со порака во која пишувало дека букетот е испратен од нејзиниот покоен сопруг!
Помислила дека букетот ѝ го пратиле децата, но тогаш ја дознала вистината. Пред да почине, Џим се договорил со вработените во цвеќарницата на секој Ден на вљубените да ѝ праќаат по еден букет сѐ до нејзината смрт.

„Џим е фасцинантен човек кој не познава граници. Неговата љубов е бесконечна дури и во смртта. До крајот на животот ќе примам цвеќе за секој Ден на вљубените од него. Тој е навистина посебен човек“ – вели Шели.
Целата приказна за необичната желба на Џим, Шели ја дознала откако се јавила во цвеќарницата. Вработените ја откриле намерата на Џим.
„Тоа беше вистинска љубов, една од ретките. Романтика од бајките, витез на бел коњ. Иако романтиката едвај и понатаму трае, ова е нешто навистина посебно“ – изјавила цвеќарката.

Пронајдете не на следниве мрежи: