Примислав Димовски, на позицијата командант на единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“ дојде на почетокот од февруари оваа година. На оваа позиција беше поставен од Оливер Спасовски од СДСМ и тоа беше само еден од низата скандали при неговото работење.Примислав Димовски кој е осомничен за криминал повеќе не е на чело на „Алфите“. Против него има поднесено кривични постапки за ослободување на приведено лице од Арачиново.
Димовски, фаќал врски за ослободување на лице кого „Алфите“ го уапсиле бидејќи кај него пронашле ладно оружје, објави о неговото назначување телевизија Алфа.
Според информациите на телевизија, тогаш тим од единицата за прв одговор и интервенција, привеле лице кое им било сомнително, а при прегледот кај него пронашле нож. Алфите, осомничениот го однеле до полициската станица Центар и го предале на службеникот за прифат.
Ургенцијата по телефон од командантот на единицата, била пресудна осомничениот да ја напушти полициската станица како да не се огрешил пред законот. Освен снимката на камерата, дека „Алфите“ внесуваат во полициска станица приведено лице, а потоа тоа си оди од станица според информации на телевизијата нема друг пишан документ за приведувањето на осомничениот.
Ниту предавањето во станицата не било документирано во дневната книга, а ослободувањето на приведениот се случило без службена белешка. Единствена пишана трага од настанот се службените белешки на „Алфите“ во кои тие навеле дека го ослободиле лицето по директна наредба од нивниот командант Димовски. Белешките биле предадени во внатрешна контрола, објави тогаш телевизијата.
Мандатот на овој човек заврши без ниту една сериозна акција. Но, затоа ќе биде запомнет по црни случувања.
Постои основ за сериозен сомнеж дека под негова команда, Алфите вршеле тортура врз Коста Крпач, која според пишувањата на медиумите, веројатно е причината поради која тој посегна и по сопствениот живот.
Димовски се сомничи и за незаконското приведување на Едмонд Темелко.
На оваа позиција се враќа Ивица Анчевски кој има бројни резултати и во чие време единицата бележи најголема ефикасност во работењето. Со ваков командант, Алфите ќе продолжат да си ја работат работата во борба против криминалците во Скопје.Примислав Димовски кој е осомничен за криминал повеќе не е на чело на „Алфите“. Против него има поднесено кривични постапки за ослободу