Принцезата Диана денес би го славела својот 54-ти роденден

Диана, принцезата од Велс, беше првата сопруга на Чарлс, принц од Велс, најстариот син на кралицата Елизабета Втора.На денешен ден, убавата Лејди Ди би го славела својот 54-ти роденден и би била горда мајка и баба, но нејзиниот живот трагично е прекинат на 31 август 1997-та година.
Иако со години се зборело за нејзиното наводни убиство, овие сеуште неосновани теории, никогаш не се официално потврдени.
Диана Спенсер е родена во Норфолк во 1961 година, во не толку познато грофско семејство. Уште од мала имала тежок живот. Нејзините родители се развеле поради прељубата на нејзината мајка, каде Диана останала да живее со нејзиниот татко.

Нејзиниот животен период драстично се одразил на нејзината личност, каде подоцна изјавила дека имала доста тежок период бидејќи не можела да биде со својата мајка.
После средното училиште, образованието го продолжила во Швајцарија, но подоцна се преселила во Лондон каде работела неколку работи за да може самостојно да се издржува.
Со принцот Чарлс се запознале на еден турнир на голф, а после краток период од нивното дружење, одлучиле својата љубов да ја крунисаат со брак. Од него била 12 години помлада.

На 29 јули 1981-та година во катедралата Св. Павле во Лондон, стапиле во брак. Нивната венчавка била спектакуларна и гламурозна и била главна приоритет на сите светски медиуми.

Во 1982-та година се родил нивниот прв син Вилијам. Одлучиле да ја прекинат традицијата, така што се породила во болница, а не во Бакингемската палата, така што Кралицата Мајка никогаш не и простила за оваа одлука. Нивниот втор син Хари го родила во 1985-та година.
Во тој период психичките проблеми кои ги имала принцезата Диана, се јавувале се почесто и почесто, а во момент на психичко растројство и депресија се обидела да си го одземе животот фрлајќи се по скали. Многу години покасно, признала дека многу патела од медиумското внимание кое го имала и нејзиниот бајковит живот кои медиумите и го презентирале на јавноста додека таа се повеќе и повеќе тонела во безнадежност и болка.
Поради многубројните несогласувања со принцот Чарлс и неговото семејство, Диана се обидела да води адекватен друштвен живот и била позната како голем борец за човековите права, пацифист и доброчинител, по кои карактеристики многумина ја паметат.

Откако принцот Чарлс повеќе и не ја криел својата афера со Камила Паркер, Диана била скршена од болка, но утеха пронашла во Џејмс Хјуит, нејзиниот инструктор по јавање.
Кога се дознало за нивните афери, Кралицата Мајка ги казнила принцот Чарлс и принцезата Диана така што не живееле повеќе заедно. Нивниот брак дефинитивно се распаднал во 1996-та година.
После разводот, Диана се посветила на хуманитарната акција, но посебно интересирање им дала на личностите кои биле болни од сида.
Во неделата, на 31 август заедно со Доди ал Фајдо, човекот со кој започнала романса, доживеале сообраќајна несреќа. Принцезата Диана починала после четири часа откако била префрлена во болница од внатрешно крварење.
Иако многу кралски семејства паѓаат во заборав, големината на нејзиното срце, убавината и насмевката која криела многу тајни, секогаш ќе остане запаметена.
На денешен ден, убавата Лејди Ди би го славела својот 54-ти роденден и би била горда мајка и баба, но нејзиниот живот трагично е прекинат на 31 авг

Пронајдете не на следниве мрежи: