Принцот Џорџ, денеска на 4 години тргнува во училиште. Тој ќе се образува во приватно училиште, меѓутоа од првиот ден веќе има проблеми и тоа административни.Војводата и Војвоткињата од Кембриџ синот првиот на првиот ден од наставата ќе го одведат во училиште 5,5 километри оддалечен од Кенсингтонскиот дворец во кој живеат.
Принцезата Дајана сакаше нејзините деца да се школуваат со други деца. Принцот Вилијам така стана првиот британски престолонаследник кој се школувал надвор од палатата.
Британското кралско семејство одлучи повторно да ја прекрши традицијата. Британците имаат поразличен образовен систем, па така принцот Џорџ од четврток тргнува во училиште. Вилијам и Кејт за неговото образование го избрале училиштето “Thomas’s Battersea“.На страницата на училиштето пишува дека тоа е прикладно за космополитски родители кои сакаат децата да им го имаат најдоброто англиско образование, кое може да се купи.
-Не сум сигурна дека Џорџ знае што го очекува, изјави Кејт, чиј син е трет во редот за британскиот престо. Училиштето во кое се запиша принцот има обичен наставен програм, а децаат учат за разбирањето на светот, истражуваат за уметноста и дизајнот, но и нешто што на идниот крал секако би требало да му биде корисно.
Многу пазат и на манирите, па така Сајмон О’Мали, раководител на улилиштето, вели дека најважно школско прави е „Бидете љубезни“. Принцот се уште не тргнал во школо, а првиот проблем веќе се појави.
Бидејќи членовите на британското кралско семејство официјално немаат презиме, прашање е под кое презиме принцот ќе биде заведен во школската документација. Училиштето ќе се потруди да му обезбеди сигурност и приватност, што може и да се очекува ако се знае дека станува збор за навистина скапо училиште.
Војводата и Војвоткињата од Кембриџ синот првиот на првиот ден од наставата ќе го одведат во училиште 5,5 километри оддалечен од Кенсингтонск