Принцот Вилијам именуван за новиот крал од кралицата Елизабета

Принцот Вилијам, кој неделава го доби своето првото дете, синот Џорџ Александер Луис, дознал дека неговата стара баба, британската кралица Елизабета Втора, решила да го именува за следен крал на Велика Британија, прескокнувајчи го неговиот татко Чарлс, тврди американското списание Глоуб.Во најновото издание на списанието Глоуб е откриен шокантен скандал поврзан со Чарлс поради тоа зошто кралицата решила да не го именува него за следен крал, а наместо тој, Вилијам ќе биде следниот што ќе седне на престолот.
Во однос на името на новороденото бебе на младата кралска двојка, британските медиуми јавувија дека Кејт и Вилијам не ги избрале имињата на своето новороденче поради симболика.

„Не ги анализирајте премногу имињата на новиот член на британското кралско семејство“, пишува неделникот Ју-ес викли.
Голем број медиуми веднаш почнаа имињата на бебето да ги поврзуваат со кралевите од минатото кои ги носеле имињата Џорџ, Александер и Луис.
„Тие немаат никаква симболика, едноставно им се допаѓаат на Кејт и Вилијам“, изјавил извор близок до двојката.Во најновото издание на списанието Глоуб е откриен шокантен скандал поврзан со Чарлс поради тоа зошто кралицата

Пронајдете не на следниве мрежи: