Уапсениот М.Е. (1991) од Суботица, уценувал малолетно девојче (странски државјанин) со тоа дека ќе ги објави нејзините видео снимки на интернет и дека ќе и ги покаже на нејзиното семејство. Сето тоа било со една цел: да продолжи со порнографски сеанси.Во продолжение на акцијата Armageddon, припадниците на Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Посебното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал на јавниот обвинител и унгарската полиција, го уапсиле М.Е. од Суботица поради сомнение дека извршил кривично дело за прикажување, набавка и поседување на порнографски материјал, како и искористување на малолетно лице за порнографија.
Како што соопштува Министерството за внатрешни работи на Србија, осомничениот комуницирал со 12-годишното девојче преку Скајп и притоа барал да се соблекува пред веб камерата. Од тоа правел експлицитни снимки кои ги чувал во компјутерот.
На осомничениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.Во продолжение на акцијата Armageddon, припадниците на Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Посебното одделение за борба против ви