Креирање на работни места остануваат приоритет, вели министерот за финансии Кирил Миноски во интервјуто во Дневникот на Сител.Работните места ни се значајни, вели тој, затоа што Македонија се уште се соочува со висока стапка на невработеност.
-Иако ако се спореди периодот пред доаѓањето на оваа владејачка гарнитура на васт и денешната стапка на невработеност, ќе видиме дека имаме намалување на речиси 13%. Работните места не се креирани во државната администрација, туку во приватниот сектор, а тоа е позитивно за македонската економија, вели Миноски.
Оваа Влада верува во приватниот сектор и во таа насока, објаснува Минсоки, сме насочени да ги стимулираме инвестициите.
-Прво преку привлекување на странски директни инвестиции кои ни се неопходни за да се намали стапката на невработеност. Се преземаат низа мерки за да се подобри структурата на невработеното население, која е неповолна. За да се реши тоа се преземаат т.. активни мерки со цел да се активира таа популација. Тоа се мерки кои имаат за цел надградба на вештините . вторите мерки се однесуваат на стимулирање на инвестициите во домашниот приватен сектор. Во тој сегмент преку даночната политика каде што имаме ниски даноци и преку реинвестирање да креираме опкружување во која домашните компании ќе можат да инвестираат, вели Миноски.
Во следниот период ќе се сконцентрираме на средните и големите компании.
-Кај средните компании предизвикот е како тие да станат големи компании, нам ни се потребни повеќе големи компании, вели Миноски.
Најголемите приходи се остваруваат од големите даночни обврзници, вели министерот и додава дека токму затоа е неопходно да се креираат големи компании при што се идентификувани два проблеми.
-Пристап до капитал. Меѓутоа само пристап не е доволен неопходен е и т.н. коучинг и ноу хоу. Кај големите компании предизвиците се начинот на кој се управува со тие компании односно поефикасно корпоративно управување кое ќе овозможи овие компании да излезат на регионални и европски пазари, вели Миноски.Работните места ни се значајни, вели тој, затоа што Македонија се уште се соочува со висока стапка на невработеност.
-Иако ако се спореди п