Замислете си драги мои професионална кариера во која секој ден си поспиваш колку што ти е воља. Си стануваш да речеме во 10.00 часот, си вариш натенане кафенце или некоја друга напивка која ти го стартува маетаболизмот, одмараш, се расонуваш и отвараш лаптоп. Не, нема потреба од програмирање, креирање на тешки алгоритамски програми, математики или било која друга природна или неприродна наука. :)Ти треба смо добар смисол за кратка литерарна форма, грст дезинформации и три лажички сарказам. Паролите ти се напишани, насоките дадени, ти само требаш да се погрижиш спинот да тече.
Пожелно е да си јавна личност со капацитет за акумулација на мозоци спремни за „миење“ но не е услов. Праксата покажа дека и ако си вулгарен дебил кој знае да жонглира спремни спинови и дезинформации и притоа да е експлицитен – примен си на работа. Од како ќе завршиш со утринскиот онлајн активизам, редно е да се одмориш и каузата ти плаќа тоа да го направиш во некои од скопските елитни кафулиња или ресторани, да се собере сила, да се окрепи организмот од Фејсбук постови.
Препорачливо е кафепиењата и ручавањата да бидат исклучиво со истомисленици зошто тие што имаат поинакво мислење од твоето многу смрдат и спијат на таван и имаат вошки. На „Работодавецот“ му требаш здрав и со „чист“ ум за попладневните планирани прошетки.
Е за тие прошетки по институциите, ти треба кондиција, па не е лошо да повозиш точак, да прошеташ куче или да посетиш некоја теретана. Потоа дома, добро тушче или када со етерични масла – и спремен си за мавање со боја по институциите. За посилен глас убаво е едно живо јајце да се испие пред секој протест. И правец пред влада, собрание, суд по избор, државна институција на денот, си има дневма програма. Да не се залута случајно во спонтаноста. И за само два часа, се е готово и ти си спремен за вечерното матине со другарите каде што ќе се прераскажуваат денешните успеси и ќе се бираат најдобрите фотографии кои се во функција на каузата. Сепак утре треба да се постира на интернет… А утре, сето ова одново. На први, клап, 1000 + евра на сметка ( starter pack е 1000 ).
Сакате ваква „работа“ ??? А кој не би сакал. Само има една зврчка. Мора да имаш нула совест и голема омраза кон сопствениот народ. Искушение? Не и за хероите на нашава денешна приказна, шарените револуционери. Нив кешот и лесниот живот им е секогаш побитен и од вас драги мои и од Македонија. Шарените куртони се толкави космополити што за нив е доволно да живеат на планетата земја, во духот на глобализмот. За исплата им треба креирање на виртуелна диктатура во која ТИЕ водат ваков „лабав“ живот за да ви кажат колку вашиот е лош. Тие мораат да го прават тоа за да ги оправдаат парите кои „работодавачот“ редовно и експедитивно им ги префрла на трансакциските сметки. Шарените „револуционери“ се обични платеници драги мои. Ако до пред некое време имаше некој кој во тоа се сомнева, по објавата на „хонорарите“ сега се е кристално јасно.
Странци ги плаќаат за да ве повикуваат секој ден во 18.00 пред ваму, пред таму. Странци им спремаат говори, им пишуваат твитови и постови или барем им даваат насоки. Канвас ги обучува по ефтините млади јуноши за конфликт а по ербап „интелектуалците“ за ширење на омраза, фрустрација и дефетизам меѓу вас драги мои кои секој ден тешко си го печалите лебот и егзистенцијата. Ако ги прашате зошто ве тераат, во хор ќе ви одговорат, НЕМА СЛОБОДА, ДЕМОКРАТИЈА и МИР. Чукнете ја главата малку.
Ако тоа го нема, ќе ги немаше ни нив а ни нивните „работни места“ на дежурни плукачи по се што не е во агендата за расформирање на Македонија како функционална држава. Размислете. Дали револуционерите во ФРАНЦУСКАТА револуција биле платени? Дали тие од ОКТОМВРИСКАТА револуција земале хонорари за својата активност? Хммммммм Нели се беше спонтано? Наталожен револт од „режимот“? Чуму потребата да плаќаш некого да се „бори“ за општо добро? Тука е ахиловата петица на „куртонската шарена револуција“. За сиромаштија се жалат ликови кои на протест доаѓаат во гардероба од 5000 евра, ликови кои ако им ги отворите фејсбук профилите ќе дознаете дека летуваат и зимуваат секоја година на ексклузивни дестинации, по јахти, по хотели со 5+ звездички.
Тие ликови кои те буцкаат ТЕБЕ да излезеш за твоите права не јадат манџа од 200 денари 5 души дома, не пријателе, тие ручаат во „Венето“ на галиите кои те учат дека треба да ги мразиш. Тие шетаат, уживаат и го живеат животот покрај тебе пријателе. Внимаваат да не се допрат до тебе за да не ги засмрдиш зошто твоето тело го тераат да ги врши тешките работи за нив. Тие не се како тебе. Ти си нивните мускули а тие се чистите демократски мозоци.
Запрашај се ШТО ИМАШ ТИ од тоа? Слобода? Демократија? Некоја друга апстракција? Запрашај се дали овие ликови не ти продаваат празна но убаво спакувана кутија,подготвена во некоја ПР агенција. Прогуглај на интернет. Куцни револуција. Види што ќе излезе. Види зошто шарена, зелена, портокалова…. зошто бои? Зошто не имиња? Затоа што те сметаат за прост пријателе, за маса која се меси по потреба. А им требаш.
Им требаш многу за да можат да прикажат „активност“ да си ги подигнат и заслужат парите. Помисли на ова кога ќе брцнеш во цебот и таму ќе ги најдеш само твоите 600 денари чесно спечалени. Помисли и на Достоевски кога ти велат „целта ги оправдува средствата“. Добро прашал Достоевски Дали за 1000 годишен мир во светот би убиле 3 годишно девојче? Јас не. Мора да има подобар пат за остварување на таа цел. Ако овде целта е демократија и мир, мора да има подобар начин за постигање на истите од деструкција, пизма, вандализам и немир. Мора.
Запрашај се дали би го жртвувал малото девојче ( Македонија ) за некој да ги полни џебовите? Запрашај се тоа сега, или следен пат кога ќе ги видиш глаучите на Куртон шарената лага на маса во „Воденица“ како оставаат твоја годишна плата за ручек. Запрашај се додека ги одминуваш и силно стисни ги твоите 600 денари чесно спечалени во твојот џеб. Стисни ги силно и разбуди ја совеста. Македонија не смее да умре. Бар не поради овие платенички куртони без емпатија и совест….
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарТи треба смо добар смисол за кратка литер