ПРИРАЧНИК ЗА УБАВИНА: Јаболко за здрав и убав тен

Едно јаболко дневно не само што ги држи болестите далеку од вас, туку и ја прави вашата кожа убава.Ова овошје содржи многу состојки корисни за кожата. Ако го употребувате за нега на лицето, образите ќе ви бидат сјајни и мазни, баш како јаболковата лушпа.
1. Ги мазни брчките
Намалување на брчките е една од многуте предности од користењето на јаболкото, бидејќи содржи состојки кои ќе ги ублажат видливите траги од стареење на кожата. Убав тен можете да постигнете, ако на лицето ставете исрендано јаболко. Држете го 20 минути, а потоа измијте се.
2. Средство за чистење
Јаболковата киселина може да помогне да се ослободите од мастите на лицето. За да направите производ за чистење, во мал сад измешајте лажица сок од јаболко, 2 лажици млеко и лажица мед. Оваа смеса нанесете ја на лице и нежно масирајте 3-4 минути. Измијте се со млака вода.
3. За блескава кожа
Маските од свежи јаболка се одлично средство за нега. Со нивна помош директно ќе добиете антиоксиданси и витамини А, Б и Ц. Помешајте по една лажица пире од јаболко, овесни снегулки и мед. Смесата нанесете ја на лицето и на вратот. Оставете 25-30 минуити, а потоа измијте се со ладна вода.
4. Против акни и воспаленија
Редовната примена на маска од јаболко, ја збогатува кожата со антиоксиданси и витамини. Доволно е повремено да земете кришка јаболко и со неа нежно да го триете лицето. Исто така, можете да помешате по една лажица пире од јаболко и перо од компир и со смесата да го намачкате лицето. Маската треба да стои 10-15 минути и да се измие со млака вода.Ова овошје содржи многу состојки корисни за кожата. Ако го употребувате за нега на лицето, образите ќе ви бидат сјајни и мазни, баш како јаболковат

Пронајдете не на следниве мрежи: