Природен напиток кој го намалува крвниот притисок

Цветот од хибискус е ценет пред се поради  својот изглед, но  заслужува и еднакво внимание и поради лековитото дејство.Чајот од хибускос е горчелив па му се додава мед или цитрусно овошје. Не содржи кофеин, но е полн со  витамин Ц, аминокиселини, железо, етерични масла и киселина.
Научниците преку бројни истражувања потврдиле дека го подобрува здравјето на срцето  и го намалува крвниот притисок, и тоа само после четири седмици конзумирање на чајот. И доколку немате проблем со здравјето , овој напиток ќе ве освежи, било ладен или топол.
Како да го подготвите чајот од хибискус?
Состојки:
400 мл вода
1 стапче цимет
3 полни лажици сушен или 4-5 лажици свеж цвет од хибискус
1 лажица шеќер
Сок од еден портокал
Подготовка:
Врелата вода прелијте ја преку  хибискусот и циметот. Нека одстои 20-ина минути. Процедете го чајот и додадете шеќер и сок од портокал. Послужете како топол или ладен напиток.Чајот од хибускос е горчелив па му се додава мед или цитрусно овошје. Не содржи кофеин, но е полн со  витамин Ц, аминокиселини, железо, етерич

Пронајдете не на следниве мрежи: