ПРИРОДЕН ОСВЕЖУВАЧ ЗА ТЕПИХ: Како да го отстраните непријатниот мирис од тепихот, да го исчистите и освежите

За среќа, постојат едноставни и непомалку ефикасни начини за отстранување на нечистотиите и непријатните мириси од теписите, кои можете да си ги направите сами и кои се целосно природни. Секој тепих може да стане извор на непријатни мириси кои се шират низ целиот дом. Дамките од различно потекло емитираат непријатни мириси кои стануваат поинтензивни колку што тепихот е повалкан. Непријатниот мирис е невозможно да се отстрани само со правосмукалка, а комерцијалните средства за чистење оставаат интензивен синтетички мирис кој долго не може да се проветри, a исто така се полни со хемикалии и при тоа не се ни малку евтини.
За среќа, постојат едноставни и непомалку ефикасни начини за отстранување на нечистотиите и непријатните мириси од теписите, кои можете да си ги направите сами и кои се целосно природни. Подеднакво ефикасно ги отстрануваат непријатните мириси а истовремено го чистат и освежуваат вашиот тепих.
Како да направите природен освежувач за теписи
Прв начин
Направете смеса од 1 чајна лажичка цимет, 1 чајна лажичка каранфилче во прав, 3 супени лажици сода бикарбона и 1 чајна лажичка сушена билка (лаванда или рузмарин). Помешајте ги сите состојки и посипете врз тепихот, После 15-20 минути поимнете го тепихот со правосмукалка. Свежината и убавиот мирис ќе го почувствувате во целиот дом.

 
Втор начин
Измешајте 1 чаша сода бикарбона и 1 чаша густин. Додадете 10-15 капки етерично масло по ваш избор. Измешајте и посипете по тепихот. После половина час поминете со правосмукалка. Сјајот, чистината и свежината се загарантирани.
Обичната сода бикарбона одлично ги неутрализира сите видови нечистотија, во што многумина се уверија користејќи ја за правење средства за чистење на мебел и чистење дамки на теписи. Покрај тоа, со негова помош се враќа и освежува првобитната боја на тепихот.
Еден совет за сопствениците на домашни миленици:
Посипете поголема количина сода бикарбона (300-500 г) по тепихот, без додавање вода, особено на местата каде животните најчесто престојуваат. Оставете преку ноќ или ако условите дозволуваат и на подолг период. Потоа темелно поминете го тепихот со правосмукалка.  По потреба, процесот може да се повтори.Секој тепих може да стане извор на непријатни мириси кои се шират низ целиот дом. Дамките од различно потекло емитираат непријатни мириси кои стану

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.