Природни лекови против пролетните алергии

Освен убавото време, пролетта со себе носи и една мала непријатност. Алергија. Симптомите кои ги измачуваат луѓето се кивавици, затнат нос, солзење на очите и воспаление на очните капаци.Но, за среќа, постојат природни лекови кои можат да ги олеснат овие симптоми за да можете целосно да уживате во пролетните денови.
Камилица
Антивоспалителните карактеристики на оваа билка, помагаат кај сувите очи и новното чешање. Неколку пати дневно ставајте ладни облоги на очите.
Нане
Одличен лек за дишните патишта. Преку инхалација на свежо или суво нане, може значително да се подобри дишењето.
Коприва
Делува како антихистаминик што помага да се намалат симптомите на алергиите, како кивавицата и чешањето на очите. Можете да пиете чај од коприва.
Мајчина душица
Помага кај лекувањето на кашлицата и ја подобрува состојбата кај воспаленото грло.
Ѓумбир
Во комбинација со мед, ѓумбирот ја ублажува иритацијата при воспалено грло.
Лута пиперка
Како богат извор на биофлавониди кои спречуваат ослободување на хистамин и други хемикалии што предизвикуваат симптоми на алергија, се препорачува секојдневна конзумација.
Мед
Добар лек за ублажување на кашлицата и воспаление на грлото. Една лажичка мед со кој било од наведените чаеви, ќе биде од голема помош.Но, за среќа, постојат природни лекови кои можат да ги олеснат овие симптоми за да можете целосно да уживате во пролетните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи: