Природно масло за сјајна БРАДА!

Ова масло ќе ви помогне да ја скротите дивата брада и таа да биде мека и достојна за восхит. Маслото служи за брадата да биде чиста, но и доволно хидрирана, за да се добие мека текстура и здрава кожа.Сите ние ја негуваме кожата, но на кожата под брадата и е потребна подеднаква нега за да се заштитите од проблеми како сува кожа, првут од брадата, поткожни влакна, акни и други воспаленија.
Се препорачува дневна нега со масло, проследено со чешлање со посебен чешел за брада, што ќе ја поттикне брадата да расте во еден правец.
Еве како рецептот да го направите сами. Потребни состојки:
-14гр. Арганово масло
-7гр. Масло од јојоба
-7гр. Бадемово масло
-7 капки етерично масло од лаванда
-5 капки етерично масло од рузмарин
-3 капки етерично масло од кедар
Соединете ги сите состојки во шишенце со пипета. Нежно промешајте вртејќи го шишето во кружни движења.
Начин на употреба: Зависно од должината на брадата, капнете 3-5 капки во една рака. На подолгите бради ќе им бидат потребни повеќе капки, но, не претерувајте. Најпрво, измијте ја брадата со вода и сапун и исушете ја со пешкир. Нанесете го маслото со врвовите на прстите и полека втријте го во брадата. Потоа, исчешлајте ја брадата со мал чешел.
За резултатите да бидат уште поголеми, нанесувајте го секој ден.Сите ние ја негуваме кожата, но на кожата под брадата и е потребна подеднаква нега за да се заштитите од проблеми како сува кожа, првут од брадата,

Пронајдете не на следниве мрежи: