Присилната исламизација август 1838 год.

ФЕРМАН НА СУЛТАНОТ МУХАМЕД ИИ ЗА ПРИСИЛНАТА ИСЛАМИЗАЦИЈА И ЗУЛУМИТЕ НАД РАЈАТА ВО РУМЕЛИСКИОТ ЕЈАЛЕТ Август 1838 год.
До мојот везир Ахмед Зекирја-паша и до славните меѓи кадиите и судиите… војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници кога ќе стигне високиот царски знак нека се знае:“До мојот везир Ахмед Зекирја-паша и до славните меѓи кадиите и судиите… војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници кога ќе стигне високиот царски знак нека се знае:
…денес видните граѓани и ајаните од поголемиот дел на местата во Румелискиот ејалет, не придржувајќи се до овој пожелен ред , рајата на тие места ја третираат како свои купени робови и ги употребуваат со сила и бесплатно за работа во своите чифлици и во други работи; ако некои од овие (од рајата, н.б.) сака да си оди од чифлигот каде што работи и сака да оди на друг чифлиг или на друга работа не го пуштаат; се мешаат бесправно во работите на женење, венчавање и во нивните верски обреди и други слични зулуми и неправди на кои се осмелувале, што сега е установено од страна на Моето величество. Јасно е дека во времето на моето блескаво владеење такви спротивни на божјата волја постапки било спрема некој од муслиманите или спрема некој од рајата, по никаков начин не можат да се толерираат, особено пак од пред малку време издадениот…и објавен царски кривичен законик, ако се чуе дека некој се осмелил на вакви, спротивни и несогласни со одредбите на спомнатиот закон, таквиот, бидејќи со тоа самиот си го повикал применувањето на неговите од-редби,  спрема него без одлагање ќе се изврши заслужената казна и, во таа смисла, советот на Високата Порта и советот на правосудството одобриле да се дадат строги наредби кому што треба. И освен ова, во некои места  се прикажува дека се случувало од девојките на рајата, тие што ќе им се бендисале, со лажен изговор “станува муслиманка” ги венчале со сила со кого сакале од муслиманите. Всушност со исклучок на што вистинската вера во бога се засолнуваат и влегуваат во блескавиот круг на исламизмот, -венчавањето со сила со овој или со оној на тие што според законот не се убедиле и не се изјасниле за исламизмот, е нешто кое е спротивно на мојата царска волја. Поради тоа, како по овој однос, така и по пра-шањето за забранување на другите изложени зулуми, следувал мој царски указ и врз основа  на…издадениот хати-хумајун…, издадени се до сите високи маршали, уважени ге-нерали и до другите каде што е потребно во Румелија, мои одделни свети заповеди што ги содржат изложените перпораки и за да не се товарат населението и сиромаштијата  со  трошоци околу мубаширските награди…И луѓето што ќе ги испраќаат (ферманите, н.б) маршалот, генералите, валиите и другите за да ја објавуваат од каза до каза, мојава света заповед, трошоците сами да ги поднесуваат и да се грижат по овој повод од народот и рајата ни аспра, ниту зрно да не се зема…
…Според тоа, кога високославниов мој ферман ќе стигне во местата што се наоѓаат под твоја управа да го објавиш и нашироко да им го објасниш на сите видни граѓани, на офи-церите и на другите…за да вложат отсега натаму грижи за до-верените ми од великиот бог бессилни и рајата, од никого да не се прават неправди и зулуми, а пак споменатата раја, ценејќи ги милоста и љубовта на Моето Величество што се из-ливаат кон неа, да се занимава чесно со своите работи и пе-чалби и да не пројавува положби што не одговараат на состојбата на рајата и со тоа, под сенката на Моето Владетелско величество да се осигураат условите за заштита и чување (на рајата) и за нејзиниот мир и спокојство. И вие, спомнати кадии , наиби и другите…, работејќи и постапувајќи по потребата (на ферманот, н.б.), сите сложно  да вложите совршено внимание и грижи што отсега натаму, ако се дознае, како што е горе изложено, за некакви насилства и зулуми извршени од страна на вакви видни граѓани и други спрема мирната и чесна раја, тие што ќе се осмелат на вакви неп-ријатности, кои и да се, не само што ќе им се извршат итно строгите казни според кривичниот закон, туку таквите , нема сомневање, и на оној свет ќе паднат на одговорност и ќе бидат казнети…”
 Турски документи за имакедонската историја…, т.IV, стр. 114-115;“До мојот везир Ахмед Зекирја-паша и до славните меѓи кадиите и судиите… војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници кога ќе стигне вис

Пронајдете не на следниве мрежи: