ПРИСИЛНО ПРЕИМЕНУВАЊЕ на населените места во Егејска Македонија!

Под одземањето на Егејска Македонија, Македонците беа должни да ги сменат своите имиња и презимиња, а секое македонско презиме требаше да завршува на „ис“, „ос“ или „пулос“. Паралелно со тоа, грчката држава почна вистински поход против македонската писменост. Букви и зборови беа отстранувани дури и од надгробните споменици и од црквите. Грција ја забрануваше и употребата на македонскиот јазик дури за пеење и плачење. На ред беше преименувањето на градовите.Од создавањето како држава во 1830 година, официјална Грција се најде во неприлика поради многубројните негрчки, пред сѐ македонски називи на нејзината државна територија.
Соочени со оваа проблематика, постепено и без врева, грчката држава ги менуваше имињата посебно на поголемите градови кои носеа претежно македонски имиња. Кон тоа се надоврзуваше и агресивната асимилација на населението.
Грција имаше аспирации кон Македонија, каде што не само топонимите туку и апсолутното мнозинство на населението беше македонско, додека грчкото малцинство претставуваше околу 10% од вкупното население во Егејска Македонија.
На 31 мај 1909 година беше издаден Указ за формирање на државна комисија за проучување на топонимите и за утврдување на нивното историско потекло.
Освен тоа, речиси сите топоними на овие новоприпоени територии, посебно во Егејска Македонија, дури и во овие области каде што живееше покомпактно грчко население (Гребен, Кожани, Населица, Катерина), топонимите и имињата на населените места беа во апсолутен број македонски, што непобитно зборуваше и за нивното потекло.
На 10 октомври 1919 година пак е издадено циркуларно писмо во кое се даваат детални упатства за потребата итно да се пристапи кој преименување на топонимите и начинот на кој треба да се оствари оваа замисла од Комисијата за топоними на Грција.
Во воведот на ова писмо стои:
„Комисијата за топоними на Грција, чија мошне важна задача е отфрлање на сите турскофонски имиња (се избегнува зборот македонски) на селата и на општините, кои го трујат и го грубат ликот на нашата убава татковина, а даваат повод за неповолни заклучоци за грчката нација кои противничките народи ги употребуваат против нас, со Указ на Министерството за внатрешни работи реши да ги засили своите напори за менување на странските имиња со грчки. Денешните топоними не се случајно избрани. Тие имаат своја причина, свој живот, своја историја со околната природа, со жителите, со историјата… Дел од нив се турски и словенски, за кои постои намера да бидат заменети“.
Од септември 1926 година, па до средината на ноември 1927 година, во Егејска Македонија биле преименувани нови 945 населби!
При обидот за изнаоѓање на нови имиња, надлежните комисии со посебно внимание работеле на можноста што поголем број на градови и села да бидат преименувани со стари антички имиња на Македонија.
Така, родното место на Крсте Петков Мисирков, Постол, било преименувано во Пела, Рупишта од Костурско во Аргос Орестикон, Баница во Леринско во Веви, Либаново во Катеринска околија во Егинион, С`ботско во Мегленско во Аридеа, Вртикоп во Воденско во Скидра, Ларигово во Лариговска околија во Арнеа, Казанџи Махала од Лариговска околија во Стагира, односно името на филозофот Аристотел. Некогашните ифлигарски населби Барбеш и Кутлеш во Берска околија беа преименувани во Вергина.
Населбите, всушност беа подигнати на местото на првата македонска античка столица Еге, каде што беа пронајдени грбовите на античките македонски цареви и сонцето со кое беше поврзано државното знаме на Македонија, кое предизвика бури и клевети од страна на грката држава. Во истиот дух селото Острово во Воденска околија беше преименувано во Арниса, селото Сехово во Гуменџиска околија во Идомени, иако локалитетот на овој антички македонски град со сигурност е утврден посеверно, во близина на денешното село Милетково, селото Елевиш во Леринско, кое уште во 1926 година било преименувано во Лаќа, сега се преименува во Левеа, познат антички македонски град, селото Малатрја во Катеринската околија во Дион итн.Од создавањето како држава во 1830 година, официјална Грција се најде во неприлика поради многубројните негрчки, пред сѐ македонски називи на нејзи

Пронајдете не на следниве мрежи: