ПРИСТИГА НОВ НАПИТОК: Кафе со марихуана!

Ладното кафе ќе се продава во посебен сад и ќе содржи околу 20 милиграми THC, пренесува „Раша тудеј.“Кафето во кое е вметната мала количина марихуана е новиот напиток во кој за почеток ќе можат да уживаат жителите на американската држава Вашингтон.
Ладното кафе ќе се продава во посебни садови и ќе содржи околу 20 милиграми THC, пренесува „Раша тудеј.“Според зборовите на еднен од произведувачите, Адам Стајтс, ефектот после пиењето на овој напиток, кој ќе се вика Легал, ќе биде како после чаша вино.
„Ова кафе удираправо во глава. Сакавме да постигнеме ефект сличен како оној од специјалното индијско пиво IPA или чаша вино. Нема да ставаме премногу THC за кафето да не биде непријатно, посебно за оние кои прв пат пробуваат марихуана“, наведува Стајтс.
„Ќе запловите во ден исполнет со чиста радост“, се наведува на сајтот на овој нов напиток.
Не е наведено дали во овој вид на кафе ќе може да се ужива и во Колорадо, американска држава која покрај Вашингтон, е единствена која ја легализираше марихуаната.Кафето во кое е вметната мала количина марихуана е новиот напиток во кој за почеток ќе можат да уживаат жителите на американската држава Вашингтон.

Пронајдете не на следниве мрежи: