Секојдневно следејќи ги светските трендови и правецот во кој се развиваат односите со јавност, маркетингот и социјалните медиуми, ПР и маркетинг агенција Ханибиз, воведува нова услуга во своето портфолио која го носи името Bee Social.Bee Social или социјален ПР, на клиентите ќе им понуди целосна стратегија за најсовремено водење на социјалните медиуми како што се Facebook, Twitter, Instagram, Youtube.
Како што велат од компанијата, социјалниот ПР е новата носечка компонента на успешните комуникации. Социјалниот ПР е интегриран микс на стратешки менаџмент на социјални медиуми во комуникација со визуали и односи со јавност.
Живееме и работиме во време на динамика која носи потреба од интегрирани и повеќеканални интеракции со повеќе страни во исто време. Социјалниот ПР е новиот маркетинг.
Социјалниот ПР го сочинуваат: социјалните медиуми, дизајнот и односите со јавност.
На новата услуга ќе работи веќе постоечкиот тим на Ханибиз збогатен со уште еден член, експерт за социјални медиуми од Ерменија: Рипа Х. Кузевска.
Ханибиз е присутна на пазарот од 2012 година и работи на полето на интергирани маркетинг комуникации кои ги опфаќаат нетрадиционалите форми на маркетинг, со фокус на ПР, социјални медиуми и општествена одговорност.Bee Social или социјален ПР, на клиентите ќе им понуди целосна стратегија за најсовремено водење на социјалните медиуми како што се Facebook, Twitt