Хуманитарна помош од Република Бугарија за настраданите во поплавите во скопскиот и тетовскиот регион денеска и беше предадена на Дирекцијата за заштита и спасување.Помошта се состои од вода, електро-материјали, средства за дезинфекција, монтажни кревети, шатори, детски пелени, медицински материјал и други средства. Донацијата е вредна околу 120.000 лева, а од Црвениот крст на Бугарија пристигна и тим од тројца луѓе.
– Бугарија уште еднаш го потврдува пријателството со Македонија во поглед на материјално-технички средства и опрема кои денеска со три шлепери се донесени во нашата држава. Се работи за пумпи за извлекување вода, агрегати, лопати, вреќи за спиење, креветчиња, шатори, многу средства за дезинфекција и неколку тони вода, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Тој упати благодарност до Амбасадата на Бугарија во Македонија и до бугарската Влада за се што прави за загрозените подрачја во Скопје.
– Бугарија беше првата држава која пристигна, веднаш по несреќата со две цистерни за испумпување вода и со човечки ресурси, со 15-тина лица кои беа упатени да помогнат во најпогодените места. Беше присутен и директорот за вонредна состојба Никола Николов и останати структури, рече Салиу.
Бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата и до сите оние кои настрадаа.
– Република Македонија е наша најблиска и најпријателска држава. Наша чест и долг е да помогнеме…Ние сме тука да помогнеме и да не се случуваат повеќе вакви нешта, порача Петков.Помошта се состои од вода, електро-материјали, средства за дезинфекција, монтажни кревети, шатори, детски пелени, медицински материјал и други сред